Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

kon polaki08.06.2018  Финансиска поддршка од 2 милиони денари од државниот буџет доби Општина Кочани за изградба на делницата од месноста Крушка до селото Полаки, проект со кој таа годинава конкурираше во Министерството за локална самоуправа и Бирото за регионален развој.

Одлуката за доделување на средствата веќе е објавена во Службен весник на Република Македонија, а парите од државата се распределуваат по јавниот повик за развој на подрачјата со специфични развојни потреби и за развој на селата за 2018 година.

Вкупната инвестиција ќе чини 5 милиони денари, што значи дека добиените пари не се доволни, поради што и Општината ќе кофинансира во изградбата со средства од својот буџет.

- На последната седница на Советот ние пренаменивме уште три милиони денари што ни се потребни, побрзавме претходно, бидејќи имавме информација дека веќе ги добивме овие 2 милиони. Како што знаете, таму каде што планираме да се работи во зимскиот период изведбата не е можна и затоа побрзавме порано да донесеме одлука и да пренамениме 3 милиони сопствени буџетски средства и таа делница да биде изградена што е можно побрзо, односно ние планираме до крајот на месецот да ја објавиме јавната набавка и да одиме со изведба на тој дел од патот, рече Николчо Илијев, градоначалник на Општина Кочани.

Според проектната документација делницата од месноста Крушка кон Полаки е со должина од 800 метри и широчина на коловозот од 3 метри. Трасата е пробиена, но ќе биде неопходно нејзино соодветно проширување и тампонирање, по што ќе следува и асфалтирање. Со тоа на населението што гравитира кон овој крај ќе му се обезбеди полесен и побрз пристап.

Т. Ајтовски

 

Сподели

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
 

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

-7°C

Кочани

Ведро
Влажност на воздухот: 86%
Ветер: NE при 2 kmh
Петок3°C/7°C
Сабота4°C/10°C
Недела-1°C/6°C
Понеделник2°C/7°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 77 гости и нема членови


web counter



qr code