Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

sinisa stoilov patronat08.06.2018 Училиштето во Зрновци веќе деветта година по ред со гордост го носи името на патронот Синиша Стоилов, чие име и дело засекогаш ќе остане запаметено во историјата на македонскиот народ, рече директорот на училишната установа, Кирил Ѓорѓиев пред присутните на свечената академија што по повод одбележување на патрониот празник се одржа во салата во Зрновци.

-Мотото и визијата на нашето училиште ги води и наставниците и учениците по патот на работливоста трајните знаења и активното учество во општествениот живот. Сите ученици претставуваат гордост за нашето училиште, а ние се бориме максимално подготвени да ги дочекаме прифаќајки ги промените и новонастанатите услови како предизвик да се бориме за своја афирмација и позиција во општествоото со постигнување нови знаења и квалитет, рече Кирил Ѓорѓиев, директор на ОУ „Синиша Стоилов“ Зрновци.

Пред почетокот на свечената академија пред бистата на патронот беше положено свежо цвеќе, а на академијата настапија ученици од скоро сите активи од училиштето.

Инаку, во изминатиов период значително се подобрени условите во училиштето а големо внимание се посветува на професионалниот развој на наставниот кадар вклучен во воспитно - образовниот процес, а со цел осовременување на образовниот процес и создавање подобри услови за наставниците и учениците.

Училиштето „Синиша Стоилов“ и понатаму ќе продолжи да биде расадник на образовни и воспитни млади генерации кои успешно ќе чекорат во животот и општеството.

Т. Велкова

 

Сподели

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
 

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

9°C

Кочани

Ведро
Влажност на воздухот: 87%
Ветер: North при 0 kmh
Четврток9°C/26°C
Петок8°C/26°C
Сабота7°C/24°C
Недела7°C/21°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 111 гости и нема членови


web counter



qr code