Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

rekonstrukcija kocani delcevo11.06.2018  Во завршна фаза се градежните работи за санирање на свлечиштата и големите оштетувња на коловозот на патниот правец Кочани – Делчево.

Санирани се критичните места на кои во изминатите години доаѓаше до одрони на огромни карпи што на подолг рок го блокираа сообраќајот на магистралата А3 и поврзувањето со соседна Бугарија.

Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески и директорот на ЈП за државни патишта, Зоран Китанов, во придружба на градоначалниците на Кочани и Виница го посетија градилиштето, при што беше констатирано дека се работи според предвидената динамика.

- Овој пат којшто не е реконструиран од 60-тите години, е многу значаен за Коридорот 8 и за источниот регион. Очекуваме до крајот на јуни комплетно да биде завршен што ќе им овозможи на сите кои транзитираат по овој пат да почувствуваат бенефит. Дополнително, во сообраќајната инфраструктура за кочанскиот регион планирано е да се вложат уште 70 милиони евра со кои ќе се санира патот кон Пониква, обиколницата околу Кочани и секако експресниот пат Штип-Кочани, рече Горан Сугарески, министер за транспорт и врски.

Според директорт на ЈП за државни патишта, делницата кај Калиманци е најкритична, но се отстрануваат опасностите на поранешните свлечишта на овој патен правец.

- Веќе е во завршна фаза и остануваат уште 2,5 километри да се рехабилитираат. Опфаќа 18 мостови, 4 свлечишта или каменоломи што претставуваат многу голем проблем на овој дел  од патот. Овој пат не знам од кога не е рехабилитиран и за овој дел од Македонија, што е навистина прекрасен, ќе овозможи поголем проток на сообраќај и ќе овозможи луѓето секојдневно, без опасности од одрони, да се движат и да се упатуваат и кон централна Македонија, но и луѓето од централна Македонија и од другите градови да доаѓаат во овие прекрасни предели кои што се овде, рече Зоран Китанов, директор на ЈП за државни патишта.

Градоначалникот на Кочани, Николчо Илијев изрази задоволство од тоа што продолжува постапката за изградба на ескпресниот пат Штип - Кочани.

- Радува сознанието дека во завршна фаза е тендерската постапка за вториот дел од изработката на експресниот пат, делницата од Штип до Кочани, кој навистина е многу важен за целиот Исток. Значи, не зборуваме за проекти кои се важни за Кочани, зборуваме за проекти кои исто така се важни за целиот Исток, каде во последно време иселувањето е голем проблем и очекуваме дека со решавањето на инфраструктурните проблеми ќе се решат и дел од другите проблеми, се со цел да придонесеме за запирање на овој миграциски процес, рече Николчо Илијев, градоначалник на Општина Кочани.

Реконструкцијата на патот кон Делчево е значајно за граѓаните за целиот регион, а според градоначалникот на Виница, покрај оваа делница регионот ќе добие и обновена алтернативна сообраќајна врска преку селото Бигла.

- Обезбедивме средства од 52 милиони денари за реконструкција и проширување на патот од Виница до Делчево преку селото Бигла со помош на Министерството за транспорт и врски и ЈП за државни патишта, така што се надеваме дека и во понатамошниот тек и другите делници што се во изградба, како што е патниот правец од Виница до Берово во должина од 7,5 километри ќе завршат што е можно побрзо, рече Ивица Димитров, градоначалник на Општина Виница.

Финансирањето на целиот проект за реконструкција на делницата од Кочани до Делечево беше обезбедено преку Светска банка за што државата доби кредит од 6 милиони евра.

T. Ајтовски

 

Сподели

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
 

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

13°C

Кочани

Претежно облачно
Влажност на воздухот: 88%
Ветер: Variable при 4 kmh
Недела12°C/24°C
Понеделник13°C/23°C
Вторник13°C/24°C
Среда13°C/23°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 68 гости и нема членови


web counter



qr code