Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

zanko savov111.06.2018  Некогашниот првотимец на скопски “Вардар“, Жанко Савов е новиот тренер на “Осогово“.

Управниот одбор на кочанската фудбалска екипа веќе го договорил неговото доаѓање на оваа позиција, за што објави и официјално известување на веб-страницата на клубот.

Савов е познатои име во фудбалот, особено во прволигашкиот и со екипата на “Вардар“ трипати ја има освојувано и шампионската титула во Првата фудбалска лига. Со истиот клуб двапати, а со “Цементарница“ еднаш е освојувач и на Купот на Македонија. Освен тоа, за него стои дека зад себе има завидна интернационална кариера како фудбалер, но и прилично добра биографија како тренер.

Покрај настапите за “Вардар“ и “Цементарница“, како фудбалер ги бранел боите и на “Беласица“ и “Пелистер“, а на меѓународна сцена настапувал во Јужна Кореја, како и во соседна Србија за екипата на “Раднички“ од Ниш.

Како тренер работел со екипите на “Цементарница“, “Маџари Солидарност“, “Борец“, “Тетекс“, “Македонија Ѓорче Петров“. На почетокот од претходната сезона беше тренер на “Победа“ од Валандово, од каде по заминувањето доаѓа во “Осогово“, каде ќе го замени досегашниот шеф на стручниот штаб, Крсте Крстев кој претходно си даде оставка.

Т. Ајтовски

 

Сподели

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
 

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

13°C

Кочани

Претежно облачно
Влажност на воздухот: 88%
Ветер: Variable при 4 kmh
Недела12°C/24°C
Понеделник13°C/23°C
Вторник13°C/24°C
Среда13°C/23°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 61 гости и нема членови


web counter



qr code