Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

planinari411.06.2018  Планинарскиот спортски клуб “Осогово“ од Кочани во соработка со Младинската комисија при Федерацијата за планинарски спортови на Македонија и Агенцијата за млади и спорт организира тридневна обука за млади планинари.

Едукативниот планинарски камп “Пониква 2018“ годинава за прв пат ќе се одржи во источна Македонија под мотото: Омасовување на планинарството, дружба и едукација.

Обуката се организира за да се побуди интересот кон планината и природата кај помладите, да научат за убавините и опасности при престој во планина. Кампот треба да му овозможи на секое дете кое сака да планинари како најдобро да се подготви, да научи која храна е најдобра да се консумира за време на планинарска акција.

Исто така, кампот има еколошка цел и ќе ја поттикнува свеста кај помладите за зачувување на природата и нејзините убавини кои во Македонија се со непроценлива вредност.

Обуката опфаќа теоретски и практичен дел. Дел од теоријата ќе учи преку игри, а предавањата ќе ги држат врвни и искусни планинари. Ќе се учи палење на оган, врзување на јазли, подготовка за на планина, потребна облека и обувки во зависност од временските услови, ќе се изучува ориентација, маркација, прва помош, опасности во планина, ќе се изучуваат и флората и фауната што се застапени во Македонија, метеорологија, тренинг итн.

Право на учество имаат млади на возраст од 12 до 19 години, членови на планинарски клубови членки на ФПСМ. Кампот започнува в петок 17 јуни, а организаторот обезбедува храна и сместување за секое дете. Бројот на учесници е ограничен, а за секое дете учесник потребно е да се достави потврда од матичен лекар за здравствена состојба, а родителите да потпишат согласност за учлество.

 

Сподели

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
 

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

-7°C

Кочани

Ведро
Влажност на воздухот: 86%
Ветер: NE при 2 kmh
Петок3°C/7°C
Сабота4°C/10°C
Недела-1°C/6°C
Понеделник2°C/7°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 86 гости и нема членови


web counter



qr code