Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

amici pretstava201811.06.2018   „Пат околу светот за 80 минути“ е насловот на завршната приредба што ја приредија одговорните, наставниците и учениците кои што го посетуваат Центарот за изучување на странски јазици „Амичи“ по повод завршеток на уште една учебна година.

Секогаш иновативни и креативни, наставниот кадар ги подготвил учениците на тој начин што приредија вистинско уживање на кочанската јавност што се одржа во ЦК „Бели Мугри“.

Темата на завршната приредба беше патување во различни земји од светот, а учениците облечени во карактеристична облека за земјата која што ја претставуваат, играа и претставуваа дел од обичаите и игрите на различните земји.

Во прекрасно осветлената сала граѓаните едноставно уживаа во изведбата на нивните дечиња и внуци, а на крајот задоволството се чувствуваше на лицата на сите ученици и родители, како и на наставниот кадар и одговорните во јазичниот центар бидејќи успешно заврши уште една учебна година.

- Помина уште една успешна учебна година како и секоја друга досега. Токму поради тоа одлучивме веќе традиционално по четврти пат да подготвиме уште еден завршен концерт заедно со нашите ученици. Овој пат одлучивме темата да биде „Пат околу светот за 80 минути“ со тоа што децата претставуваат 13 различни држави од светот. Сите играат, танцуваат на специфична музика што е карактеристична за секоја држава одделно а носи и традиционална облека. Инаку, на приредбата скеоја година учествуваат различни ученици, така што оваа година учествува учениците кои што го посетуваат курсот по танци, децата од дневиот центар за предучилишна возраст, како и учениците од дневниот центар од прво, второ, трето и четврто одделение. Исто така учествуваа и некои деца кои ги посетуваат курсевите по креативност, логички игри, читање и бон тон и англикси јазик, рече Тодорка Таковска од јазичниот центар „Амичи“.

Инаку, јазичниот центар „Амичи“ нуди активности за деца од 3-годишна возраст, па се до студенти и возрасни лица кои сакаат да усовршат одреден јазик. Програма за изучување на англиски, германски, шпански и француски јазик како и интензивни курсеви и индивидуални часови. Во склоп на јазичниот центра „Амичи“ има и забавно - едукативен центар „Амичи кидц“ во кој што освен читањето, анализирањето и глумењето на ликови приказните, се збогатува и вокабуларот на децата, но се учи и детски и училишен бонтон.

Во „Амичи“ има и интерактивна настава со современи и креативни методи и техничики на учење, професионален пристап кон клиентите, со цел да се поттикне процесот на стекнување знаења и способности за корситење на странски јазици. Во центарот се организираат и креативни работилници, а се вршат и преведувачки услуги.

Приредбата беше претставена во два дена заради големиот број родители и гости кои што сакаат да ги видат децата на сцената. „Амичи“ како јазичен центар за изучување на странски јазици со ваков ентузијазам и со уште поголем труд продолжува и во иднина.

Т. Велкова

 

Сподели

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
 

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

13°C

Кочани

Претежно облачно
Влажност на воздухот: 88%
Ветер: Variable при 4 kmh
Недела12°C/24°C
Понеделник13°C/23°C
Вторник13°C/24°C
Среда13°C/23°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 64 гости и нема членови


web counter



qr code