11.06.2018 Два златни и пет сребрени медали за џудистите на џудо клубот „Гладијатор“ од Кочани на Државното првенство за пионери и јуниори што се одржа викендов во Битола.
Во силна конкуренција од 180 натпреварувачи, а во техничка организација на ЏК „Пелистер“ од Битола, кочанските џудисти се вратија со освоени 7 медали.
- Со злато се закитија Филип Станојков и Стефанија Павлова. Од нив можам да кажам дека Стефанија Павлова е апсолутен првак во две конкуренции во конкуреција млади пионери и во пиионери, а паралелно е учесник и во двете репрезентации на млади пионери и пионери. Инаку, на државното првенство имаше силна конкурецнија и со вакви резултати полека но сигурно се качуваме кон пиедесталот. Во однос на следните активности со што и ја завршуваме оваа сезона е учеството на семинарот во Прилеп за млади пионери и пионери што ќе се одржи на 16 јуни, а на кој што ќе биде присутен и олимпискиот шампион и мајстор во џудо 9 дан Славко Обадов од Србија, рече Драган Шеќероски, тренер на ЏК „Гладијатор“ Кочани.
Сребро освоија џудистите Христијан Павлов, Дамјан Крстов, Андреј Давитков, Андреја Минова во категорија пионери и Филип Манасиев во јуниори.
Кочанските џудисти и оваа сезона ја завршуваат со многу освоени медали и признанија, а со вакво и позасилено темпо ќе ја стартуваат и новата сезона од септември.
Т. Велкова
7°C
Кочани