Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

novinarite istok11.06.2018  Работната група при регионалниот центар на новинари „Исток“ кој делува во рамките на ЗНМ, на работен состанок во “Аурора“ во Берово, донесе повеќе предлози во однос на своите наредни активности кои ќе се најдат пред членовите на овој центар.

Со работната група раководеше Тони Михаилов, координатор на регионалниот центар „Исток“. Една од задачите во идниот период ќе биде посета на сите градови и редакции и разговори со новинарите-членови на ЗНМ во однос на нивната (не)активност во професионалното здружение.

Ќе се изготви список на сите активни но и на пасивните новинари во регионот кои имаат право и можност да бидат членови на ЗНМ.

Една од активностите која се предлага e регионалниот центар „Исток“ да застане зад јубилеите на новинарите и да помогне во издавачката дејност на книги посевтени на оваа тешка но благородна професија, книги кои ќе бидат напишани од искусни новинари со подолг стаж во професијата. Даден е и предлог да се детектира денот во кој излегол првиот медиум во регионот, тој ден да се прогласи за Ден на новинарите од источниот регион и на истиот новинарите да ја организараат својата „Новинарска вечер“ на која да се доделуваат новинарски награди и признанија за најдобри медиумски остварувања.

Посебен интерес предизвика предлогот новинарите да му помогнат на источниот регион преку организирање дебати по важни регионални прашања. Дебати ќе се организираат во разни градови и на нив ќе бидат поканети да учествуваат релевантни државни и општински фактори.

Првата дебата е планирано да се оддржи во Пробиштип на тема „(Не)искористеноста на регионалниот водоснабдителен хидросистем „Злетовица“ за кој се потрошени близу 100 милиони долари, а ефектите и по многу години се далеку од посакуваните“.

Вакви дебати ќе има и во Кочани, Штип, Берово и Делчево.

Т. Велкова

Сподели

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
 

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

18°C

Кочани

Ведро
Влажност на воздухот: 88%
Ветер: SE при 2 kmh
Среда17°C/33°C
Четврток17°C/32°C
Петок17°C/32°C
Сабота17°C/32°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 100 гости и нема членови


web counter



qr code