X

Right Click

No right click

Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

paketi humanity12.06.2018  Над илјада пакети со храна и лекови за лицата од социјален ризик донира германската организација Humanity first во Кочани, Виница, Куманово, Пехчево и Берово.

Организацијата работи под покровителство на Ахмадија муслиманската заедница која во Македонија е присутна веќе дваесетина години, а има свое седиште во Пехчево. Помошта е обезбедена од сопствените фондови, а ги помагаат муслиманските верници од целиот свет.

Под мотото „Љубов секому, омраза никому“ во текот на денот пакетите им беа поделени главно на припадниците од исламска вероисповед во Кочани и Виница по повод верскиот празник Рамазан Бајрам.

- Нашата акција продолжува, во неделата бевме во Куманово, вчера бевме во Берово, еве денеска сме во Кочани и Виница, утре продолжуваме во Пехчево, така што со тоа ја завршуваме овогодишната акција за Рамазан Бајрам. Ја користам приликата да им го честитам на сите наши браќа муслимани празникот, воедно да ги поздравам нашите сограѓани со христијанска вероисповест, заедно со нас да го прослават празникот, многу години да соработуваме и ова да помине во една традиција, да им помагаме на посиромашните луѓе, рече Сафет Дестанов од хуманитарната организација Humanity first.

Освен пакетите со храна и лекови, германската хуманитарна организација обезбеди и бесплатни лекарски прегледи за старите и изнемоштени и лицата од социјален ризик.

Од име на граѓаните на Винцица, за доделената помош зе заблагодари претседателот на Советот, Тони Велков.

- Општина Виница беше дел од оваа хуманитарна акција што се спроведе во повеќе градови, значи ние дадвоме огромна поддршка и на нашите сограѓани, се поделија пакети од хуманитарната организација од Германија, рече Тони Велков претседател на Советот на Општина Виница.

Задоволни од помошта беа и граѓаните од Виница и Кочани кои изразија благодарност до Ахмадија заедницата.

По месецот на постот, муслиманите го слават Рамазан бајрам. Членовите на Ахмадија муслиманската заедница велат дека тие не ги делат граѓаните и не прават никаква разлика дали се муслимани или христијани, туку им помагаат на сите, затоа што, како што велат, сите луѓе се создадени од Бога.

Т. Ајтовски

 

Сподели

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
 

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

3°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 93%
Ветер: NNE при 13 kmh
Понеделник1°C/4°C
Вторник-2°C/4°C
Среда-4°C/4°C
Четврток-2°C/6°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 234 гости и нема членови


web counter



qr code
X

Right Click

No right click