Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

poplavena sala12.06.2018  Пред околу осум години е реновиран кровот, но очигледно толку му е векот бидејќи по поројни дождови и невреме прокиснува и се полни со вода салата на БК „Спартак“.

Така се случи и во неделата по силното невреме што го зафати Кочани и околината и кога во вода пливаат не само спортски сали туку и домови, а има и раскопани и поплавени улици во градот.

Кога во понеделникот членовите на „Спартак“ отишле на редовен тренинг истиот не можеле да го реализираат, бидејќи во многу лоша и поплавена состојба ја затекле салата.

И не само кровот, за реновирње и менување се и прозорците, санитарните јазли и гардеробата кои што се во многу запуштена состојба, а во целата сала се чувствува огромна влага поради влажните ѕидови и немањето соодветна вентилација. Одговорните на боречкиот клуб бараат помош од општината и од бизнис секторот во Кочани да помогнат да се направи и целосно реконструира салата бидејќи како што велат сакаме нашите деца да спортуваат, а не им обезбедуваме услови за тренинзи.

-После секој пороен дожд со салата имаме големи проблеми. Прокиснува кровот, санитарните чворови и имаме големи штети. Во понеделникот децата дојдоа на тренинг и заминаа гледајќи колку е поплавена салата. Салата постои 20 години, реновирана е пред 8 години, но веројатно не е добро и стручно направен кровот бидејќи за кратко време протече. Во салата ништо не е инвестирано. Јас сум претстедател на клубот само три месеци и незнаеме од каде почнеме со реконструкција, а деца има и има заинтересираност за спорт. Првично што треба да се реновира е кровот и подот, затоа сакам да апелирам до општината и бизнис секторот во Кочани и сите љубители на спортот ако можат да помогнат заеднички да направиме нешто за децата, рече Ѕвонко Ѓорѓиев, претседател на БК „Спартак“.

Инаку, за борењето како спорт има голем интерес од страна на децата да тренираат, но жално е што немаат услови за такво нешто. Одржуваат тренинзи секој ден во зависност од групите и возраста на членовите, а не плаќаат за тоа ниту днар како што е случај со другите клубови чии членови плаќаат членарина. Додека да се санираат штетите од поплавената сала, со цел да нема прекин во тренинзите на децата вечерва најмладите членови на возраст до 12 години ќе одат за Штип на заеднички тренинзи со БК „Балканец“ од Штип со кој што имаат одлична соработка и им излегоа во пресрет. До крајот на неделата ќе имаат уште еден заеднички тренинг со штипскот клуб бидејќи треба да се подготвуваат за претстојното државно првенство но и за организирање на меморијалниот турнир во Кочани.

Општината е запознаена со поплавената сала и презема активности за санирање на штетите и овозможување подобри услови за спорт на децата, а додека да се санираат работите времено ќе им додели друга сала на располагање со цел да нема прекин во одржување на тренинзите.

Т. Велкова

 

Сподели

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
 

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

12°C

Кочани

Ведро
Влажност на воздухот: 72%
Ветер: North при 0 kmh
Четврток9°C/26°C
Петок8°C/26°C
Сабота7°C/24°C
Недела7°C/21°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 87 гости и нема членови


web counter



qr code