Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

sugareski vinica13.06.2018  Министерството за транспорт и врски обезбеди 14 милиони денари за подобрување на квалитетот на водата од јавната водоводна мрежа во општина Виница.

Парите се преостанати од сумата што беше предвидена за аеродромот кај Штип што требаше да го гради турски ТАВ, а средствата ќе се инвестираат во проширување на постојната филтер станица во Виница.

Министерот Горан Сугарески, при посетата на Општината информираше дека Локалната самоуправа го изготвила и го поднела проектот за оваа капитална инвестиција и истиот е веќе одобрен. Истовремено, најави дека наскоро ќе заврши и втората фаза од реконструкцијата на водоводната мрежа во Виница.

- Во моменот сме на увид на местото каде што се гради водоводната линија од 3,5 километри. Јас се надевам, како што ме информираа надлежните, дека овој проект ќе биде завршен набрзо, најверојатно во наредните за две месеци, така што овие граѓани кои живеат овде ќе можат да се снабдуваат со вода. Дополнително сакам да информирам дека преку Министерството за транспорт и врски останати се 230 илјади евра, средтва за општина Виница кои ќе бидат искористени за проширување на филтер станицата во Виница, а моите очекувања се дека и тој проект ќе биде реализиран преку Министерството за транспорт и врски, рече Горан Сугарески, министер за транспорт и врски.

Сугарески додаде дека Министерството за транспорт и врски работи на обезбедување кредитна линија за изградба на водоводна и канализациска мрежа и за локални патишта, поради што апелираше до останатите градоначалници да поднесуваат проекти за да добијат финансиска поддршка.

Инаку, заедно со проширувањето на филтер станицата во Виница, ќе се работи и на поврзување на селото Лески на јавната водоводна мрежа. Со тоа ќе престанат проблемите со водоснабдувањето на жителите од ова населено место кои минатата година имаа прекини од околу 6 месеци.

Министерот Сугарески додаде дека ресорното министерството во соработка со ЈП за државни патишта веќе обезбедило околу 90 милиони денари за реконструкција регионалните патишта во овој дел од државата. Градежните работи се започнати на делниците Виница - Делчево и Виница – Берово со вкупна должина од околу 20 километри.

Т. Ајтовски

 

Сподели

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
 

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

18°C

Кочани

Ведро
Влажност на воздухот: 88%
Ветер: SE при 2 kmh
Среда17°C/33°C
Четврток17°C/32°C
Петок17°C/32°C
Сабота17°C/32°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 95 гости и нема членови


web counter



qr code