13.06.2018 До крајот на годината во Виница ќе започне изградбата на социјална зграда за лицата од ранливите категории.
Објектот е влезен во годишната програма на Министерството за транспорт и врски за финансирање на вакви објекти, а според техничката документација становитеќе бидат со површина од 35 до 45 метри квадратни. Градоначалникот на Виница, Ивица Димитров, по средбата со министерот Горан Сугарески, рече дека се обезбедени сите услови за непречена изградба на објектот.
- Ние како Oпштина аплициравме до Mинистерството за труд и социјална политика, ќе се градат 39 станови со деловни објекти, тоа ќе биде веднаш до ЈП „Солидарност“, имаме маркица, имаме обезбедено парцела, деталниот план за таму е донесен, така што постапката е во тек, во моментот се избира фирма што ќе го добие тендерот. Се очекува до крајот на годината или почетокот на следната година оваа станбена зграда да биде изградена и најзагрозените социјални случаи во во општина Виница ќе бидат сместени токму во таа зграда, Ивица Димитров, градоначалник на Општина Виница.
Социјалните станови што ќе можат да се користат по цена од 15 денари за метар квадратен, а во министерствата за транспорт и врски и за труд и социјална политика треба да се усогласат критериумите според кои ќе се прави распределбата на становите.
Освен во Виница, социјални згради треба да добијат Свети Николе и Пехчево со по 34 стана, Пробиштип со 48 стана, а околу уште 300 ќе се градат во Скопје.
Инаку, веќе се завршени новата зграда со 43 социјални станови во Кочани и наскоро ќе биде објавен повик за нивна распределба.
Т. Ајтовски