Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

klub kafe akva13.06.2018  По отворањето на дискотеката „Аква“ минатиот петок, од денеска стартуваше со работа и новоотворениот клуб кафе „Аква“ во Кочани. Се наоѓа во склоп на базенот и целиот комплекс, а ќе понуди добра забава и место за разладување во летните горештини.

- Започнуваме од денеска со работа со новиот клуб кафе „Аква“ со ди џејот „Че“ и ќе ги забавуваме гостите со хип-хоп и со R-N-B музика. Исто така ќе можете да уживате со следење на светското првенство во фудбал, рече Виктор Крстевски.

Инаку, во текот на следната недела со работа ќе започне и базенот на кој што деновиве интензивно се подготвува, чисти и уредува, а сопствениците на летните задоволства не ги заборавија и децата и за нив се подготвуваат два мали базени и детски реквизити за забава на најмалите посетители.

И годинава на базенот ќе бидат поставени лежалки и чадори за сенка и маси и столови за уживање. И оваа година  организиран „Kochani summer festivsl“ а се најавува и добра забава со познати диџеи. Картата за користење на базенот и годинава е непороменета и изнесува 70 денари, а оние кои често го користат базенот можат да си купат и карта за целиот летен период која што изнесува 700 денари.

Во текот на летниот период во дискотеката „Аква“ е планирана добра музика со познатите диџеи, а сопствениците почнаа да ја реализираат и најавената идеја за проширување на целиот објект со плажа и игралиште за голф и одбојка, така што започна подготовката и уредувањето на просторот на кој што треба да биде игралиштето за голф.

Сопствениците најавуваат забава и исполнети денови за   граѓаните во текот на целиот летен период кога кочанци ќе имаат пријатно место за поминување и разладување во топлите денови.

Т. Велкова

 

Сподели

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
 

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

16°C

Кочани

Ведро
Влажност на воздухот: 94%
Ветер: South при 4 kmh
Недела17°C/31°C
Понеделник16°C/31°C
Вторник16°C/31°C
Среда17°C/32°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 83 гости и нема членови


web counter



qr code