Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

koncert blagica15.06.2018  Во четвртокот вечерта, во салата на ОМУ „Ристо Јуруков“, солистички концерт на пијано приреди Благица Арсова, матурантка од Државниот музички училиштен центар „Сергеј Михајлов“ од Штип, во класата на проф. Славчo Величков.     

Арсована стапи со дела од Бах, Бетовен, Рахмањинов и Шопен, а на крајот свиреше четирирачно со својата школска другарка од Кочани, Сезен Асимова.

Во своето поздравно обраќање пред публиката, Арсова истакна дека досега настапувала на многу сцени, но концертот во Кочани, на пијаното на кое го започна школувањето, ѝ е посебно драг.

За успехот на Благица Арсова говореа и нејзиниот професор Величков, како и директорката на ОМУ „Ристо Јуруков“, Елизабета Георгиева, која го истакна задоволството што ученичката на генерацијата од пред четири години, ја задржала таа титула и во средното образование.

Во текот на школувањето Арсова има освоено бројни високи награди на државни и меѓународни натпревари, а минатата година настапи како солист со оркестарот при ДМУЦ „Сергеј Михајлов“ на концертот по повод 70-годишнината на училиштето. Има посетувано часови кај професорите Јуриј Кот, Ѓорѓе Милојковиќ, Владимир Млинариќ и Александар Сердар.

 

Сподели

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
 
koncert blagica1

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

27°C

Кочани

Претежно облачно
Влажност на воздухот: 37%
Ветер: Variable при 4 kmh
Четврток16°C/26°C
Петок15°C/29°C
Сабота17°C/32°C
Недела18°C/34°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 121 гости и нема членови


web counter



qr code