Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

upisi sredno201819.06.2018  149 во СОУ „Гошо Викентиев“ и 138 деветоодделенци во гимназијата „Љупчо Сантов“ се пријавиле за упис во средно образование во првото пријавување од првиот уписен рок.

По струки состојбата е следната - во СОУ „Гошо Викентиев“ најголем интерес идните средношколци пројавиле за електро струката каде што се имаат пријавено 84 ученици. 33 за сообракајна струка и најслабо годинава за машинската струка за која што има пријавено само 32 ученици.

Во гимназијата „Љупчо Сантов“ поголема заинтересираност учениците пројавиле за економски техничар за штом се имаат пријавено 77 ученици, а во општа гимназија 61 ученик.

Со оглед на тоа што годинава во Кочани има околу 320 завршени деветоодделенци, до крајот на уписите и не се очекува драстична промена во однос на бројката на пријавени ученици.

Во Гимназијата годинава има место за 272 ученици распоредени во 8 паралелки, а во СОУ „Гошо Викентиев“ со новите профили воведени од лани, 442 ученици распоредени во 10 паралелки. Резултатите за упис во средните училишта и бројот на слободни места ќе бидат објавени на 20 јуни.

Второто пријавување од првиот уписен рок е на 28 јуни, а резултатите и слободните места ќе бидат објавени на 29 јуни. Пријавувањето и запишувањето во августовскиот уписен рок ќе биде на 23 август а резултатите од запишувањето и слободните места ќе бидат објавени на 24 август.

Критериуми за избор се средниот успех на ученикот од 6 до 9 одделение, како и средниот успех постигнат по четири предмети - мајчин и странски јазик и два предмети што се од зачење за струката, средна вредност од поени за поведение, како и дипломи од освоени места на државни и меѓународни натпревари.

Т. Велкова

Сподели

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
 

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

5°C

Кочани

Ведро
Влажност на воздухот: 65%
Ветер: NE при 11 kmh
Петок-3°C/12°C
Сабота-2°C/9°C
Недела-1°C/9°C
Понеделник-1°C/8°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 80 гости и нема членови


web counter



qr code