Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

velinov stojanco21.06.2018  Одлична можност за успешно продолжување на спортската кариера доби кочанскиот фудбалер Стојанчо Велинов откако е договорен негов настап за клуб од Саудиска Арабија.

Во фаза на потпишување е договорот со кој тој ќе ги брани боите на екипата на „Најран“, која од следната сезона ќе се натпреварува во саудиската Втора лига.

28-годишниот Велинов на 1. јули треба да отпатува во Саудиска Арабија каде треба да има лекарски тестови и официјално да стави потпис на договорот со новиот клуб.

Според информациите, екипата на „Најран“ во претходната сезона се натпреварувала во Првата лига, но не успеала да го задржи статусот. Во натпреварувачката сезона  2011/2012 и 2013/2014 тренер на овој клуб бил поранешниот селектор на македонската репрезентација, Ѓоко Хаџиевски.

Инаку, во својата досегашна кариера Стојанчо Велинов настапуваше за „Осогово“, во штипска „Брегалница“, потоа „Тетекс“, „Силекс“ и „Ренова“. Во Саудиска Арабија заминува откако му истече договорот за настап за скопски „Работнички“.

 

Сподели

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
 

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

25°C

Кочани

Ведро
Влажност на воздухот: 44%
Ветер: Variable при 4 kmh
Понеделник7°C/31°C
Вторник4°C/20°C
Среда3°C/18°C
Четврток4°C/22°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 124 гости и нема членови


web counter



qr code