Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

kemane rabotilnica21.06.2018  Поголема промоција на кемането како инструмент и обука за негова изработка е целта на работилницата и семинарот за кемане што во организација на ФА „Мугри“, а во соработка со Институтот за фолклор „Марко Цепенков“ Скопје се одржа во малата сала на ЦК „Бели Мугри“.

Предавачи беа проф. д-р Родна Величковскаа и проф. м-р Горанчо Ангелов, етномузиколози како и фолклористот Драги Атанасов кој е раководител на ФА „Мугри“ но и изработувач на народни инструменти.

Проф. д-р Родна Величковска која што е професор на Музичката академија во Штип и на Институтот за фолклор во Скопје, а воедно и уметнички директор на фестивалот „Пеце Атанасовски“ во Долнени, пред присутните зборуваше за улогата на инструментот кемане за зачувување на изворната традиција во Источниот регион.

-Знаеме дека кемането во овој крај е познато и едно од најзначајните изворни инструменти, а голема е и улогата на нашите кеманџии, посебно би го споменала и Драги Атанасов кој што веќе 30 години работи на ова поле и кој што ја зема и гран при наградата на фестивалот „Пеце Атанасовски“ во Долнени, бидејќи за сите овие години едуцирање млади кадри за свирење на народни инструменти. Со отворањето на одделот етнокореологија на Музичката акдемија во Штип се повеќе и повеќе имаме заинтересираност од страна на младите да студираат на овој оддел и тоа не само од Источна туку и од Западниот дел на Македонија, рече проф. д-р Родна Величковска, етномузиколог.

Проф. Величковска додаде дека на студентска конференција во Русија настапил токму следбеник на Драги Атанасов Стојанче Костов кој што настапил со кемане а кој што сега е асистент на факултетот во Штип во одделот за етнокореологија. И ова што се работи како песни на ваквите работилници биле застапени на програмата на мастер класата што ја држеле во Русија и слободно може да се каже дека сите музички академии во Русија веќе знаат за кемането како инструмент и за изворната музика карактеристина за Осоговијата. Проф. м-р Горанчо Ангелов пак зборувајќи за потеклото и употребата на иснтрументот кемане рече дека целта на работилниците и ваквите семинари е зголемување на заинтересираноста кај младите лица за изучување на овој инструмент.

-Се помал е бројот на инструменталисти на кемане бидејќи младите се одлучуваат да свират на кавал, тапани, гајда и други народни инструменти, а кемането како да е подзаборавено. Токму со ваквите работилниците закаме да го промовираме уште повекќе кемането како инсрумент и да привлечеме млади лица кои ќе бидат заинтересирани да го изучуваат, рече проф. м-р Горанчо Ангелов, етномузиколог.

Важен сегмент во зачувувањето на кемането како инструмент е и неговата изработка.

-Сакаме да го приближиме кемането до нашите млади бидејќи можам да кажам дека имаме таленти односно имаме веќе три дечиња кои што ги имаат извадено првите музички акорди. Има еден член и кој што веќе го има изработено кемането, па така ќе придобиеме и други млади лица кои што ќе сакаат да се научат да изработат кемане, рече Драги Атанасов, изработувач на кемане, раководител на ФА „Мугри“.

Вакви работилници и семинари традиционално се организираат и на фестивалот за изворни инструменти и песни „Пеце Атанасовски“ во Долнени, а се планираат и во други градови од државата, со цел придобивање на млади лица заинтересирани за негово изучување.

Инаку, работилницата и семинарот за кемане финансиски сe поддржани од Министерството за култура на  Македонија.

Т. Велкова



 

Сподели

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
 

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

27°C

Кочани

Претежно облачно
Влажност на воздухот: 37%
Ветер: Variable при 4 kmh
Четврток16°C/26°C
Петок15°C/29°C
Сабота17°C/32°C
Недела18°C/34°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 116 гости и нема членови


web counter



qr code