Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

taksisti policija21.06.2018  Загрижени од состојбите во такси-превозот во Кочани, одговорните служби од Полициската станица – Кочани и Општина Кочани организираа состанок со претставници на Здружението на такси-превозници и поединци што се занимаваат со оваа дејност.

Состанокот беше со цел да се помогне да се устројат работите според законските уредби и со заеднички активности што побрзо да се воведе ред во такси-превозот.

Според претседателот на Здружението на такси-превозниците во Кочани, Јоце Каров, сликата за состојбата во такси-превозот во Кочани е лоша. Се возат нерегистрирани возила, возат возачи без возачки дозволи и без лекарски уверенија. Со тоа го рушат угледот на такси-компаниите и претставуваат нелојална конкуренција.

Над сè се и новите законски одредби кон кои се прилагодуваат превозниците,а кои налагаат нови фискални каси – што значат и нови трошоци , за лиценцираните таксисти.

Поради ова,Каров рече дека од име на здруженеото ќе упати официјално барање до Општина Кочани и до градоначалникот да помогне сите надлежни институции да се усогласат во дејствувањето. Во спротивно, според него, во вакви услови такси-превозот во Кочани ќе згасне.

Од Полициската станица – Кочани ја истакнаа потребата за поголем ред и дисциплина и во самите такси-компании, зашто само со целосно почитување на законите од нивна страна, ќе може да сезасили борбата против дивите таксисти.

Секретатотр на општина Кочнаи, Александар Јосифов, на состанокот истакна дека деновиве има засилени контроли на такси-превозниците од екипи составени од сообраќајната инспекција и полицијата, што се во функција на воведување ред во такси-превозот. Потенцираше дека Општината е подготвена да соработува со таксистите, зашто само така ќе може најлесно да се увидат неправилностите и да се работи на нивно отстранување .

Деновиве Општина Кочани излезе со повик до такси-компаниите и таксистите со изминати лиценци да ја продолжат важноста на лиценците за вршење такси-превоз на патници, како и на изводите на лиценците за возила со кои вршат превоз.

 

Сподели

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
 

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

25°C

Кочани

Ведро
Влажност на воздухот: 44%
Ветер: Variable при 4 kmh
Понеделник7°C/31°C
Вторник4°C/19°C
Среда3°C/18°C
Четврток6°C/22°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 138 гости и нема членови


web counter



qr code