Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

direktori skoli sostanok21.06.2018  По завршувањето на учебната година во образовните институции во Кочани и стартот на актоивностите за запишување нови ученици, градоначалникот Николчо Илијев ги повика директорите на училиштата на работна средба во Локалната самоуправа.

Се разгледуваа актуелните состојби во образованието, со мислења и предлози за изнаоѓање решенија на проблемите, од кои дел се наталожени со години.

Главни теми на разговорот беа уписите во средноито образование, бројот на учениците за следната учебна година и формирањето на паралелките, како и состојбите со бесплатниот превоз на учениците. Беше констатирано дека практично нерешлива пречка е трендот на опаѓање на бројот на новозапишани и во основно и во средно образование.

- Училиштата треба да направат организација како тие ученици ќе ги сместат. Во основните училишта веројатно тој проблем е помал бидејќи се работи за првоодделенци и паралелките во училиштата каде што нема доволен број ќе мора да се намалат, а ќе се соочиме со проблем што со наставниот кадар, проблем кој загрижува и тука навистина ќе мора да поработиме. Останува да се надеваме дека во вториот уписен рок, таму каде што има шанси да се подобри овој резултат со цел да ги одржиме паралелките што во моментот ги имаме на број, рече Николчо Илијев, градоначалник на Општина Кочани.

На состанокот со директорите на училиштата, градоначалникот Илијев побара став околу состојбата со училишните згради, посебно со санитарните јазли, за што е заклучено дека е потребна дополнителна помош од Министерството за образование. Притоа, во секое училиште ќе треба да се изработи проект за реновирање на она што е најкритично.

Исто така се разговараше и за проблемот со долговите за бесплатниот превоз на учениците.

- Се договоривме сите заедно да плаќаме услуга што ја добиваме, а не што не ја добиваме. Констатиравме дека плаќаме превоз на ученици кои воопшто не се возат, затоа бараме решение како овој проблем да го надминеме, во иднина да плаќаме само она што го добиваме, додале Илијев.

На состанокот во Општината се разговараше и за слабиот одзив за запишување во средното, но и во основното образование.

- Проблемот го гледаме во нискиот наталитет, како и бројот на иселеници што е актуелен во моментот, а третата причина е запишување на учениците во медицинското училиште, рече Игор Христов, директор на СОУ „Љупчо Сантов“.

- Во нашето училиште, „Никола Карев“ се запишани 41 ученик, опфаќајќи ги и подрачните училишта во Грдовци и Тркање и како што кажа колегата, една од причините за малиот број запишани ученици е малиот наталитет, иселувањето на младите во странство и едно болно прашање е реонизацијата. Значи, се разговараше за да се надминат тие проблеми и се надеваме дека ќе бидат надминати, рече Билјана Петрова, директор на ОУ „Никола Карев“.

Со оглед што проблемите во образованието се жешка тема, се очекува во нарендниот период да продолжат редовните средби на раководителите на образовните институции со градоначалникот и одговорните за образованието во Локаланата самоуправа.

T. Ајтовски

 

Сподели

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
 

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

27°C

Кочани

Претежно облачно
Влажност на воздухот: 37%
Ветер: Variable при 4 kmh
Четврток16°C/26°C
Петок15°C/29°C
Сабота17°C/32°C
Недела18°C/34°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 119 гости и нема членови


web counter



qr code