Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

jovana davitkova20.06.2018  Нов успех постигна 10-годишната Јована Давиткова, членка на ШК “Кочани“. Таа го освои првото место на Државнотo првенство на Макeдoнија во својата конкуренција и се закити со пехар и медал.

За само неколку години нејзиниoт талент дојде до целосен израз и пласманот меѓу најдобрите пионери во државата воопшто не е изнанедување. Во изминатиот период таа имаше и други забележителни настапи на домашно и меѓународно ниво што и донесе повеќе награди и признанија.

Освојувањето на Државното првенство и овозможува да настапи и на Европското првенство, што ќе се одржи во градот Рига во Литванија.

- Бев на три турнири оваа година, на “Наум Наумовски Борче“ освоив прво место кај девојчињата, на меѓународниот турнир „Јахја Кемал“ освоив четврто место и на Државниот прво место, со што стекнав да одам на Европско. И таму ќе има категории, и кај У10 сакам да бидам на некое погорно место, рече Јована Давиткова, член на Шаховскиот клуб “Кочани“.

Претседателот на Шаховскиот клуб, Тодор Милосиев е и тренер на младата Давиткова, покрај која тој работи со уште тројца талентирани пионери.

- Ова е голем успех бидејќи во Македоноија во неколку градови има шаховски школи, особено во „Јахја Кемал“, каде што Орце Данчевски држи часови. И во таква конкуренција да се биде прв во Републиката, мислам дека е голем успех, за Јована и за градот.  Да упатам апел до организациите во градот, да помогнат на шаховскиот клуб, ние ќе упатиме барање до повеќе фирми, бидејќи не треба да се испушти оваа шанса, Јована да настапи во Рига, Литванија на Европското првенство, каде што може да постигне прилично добар резултат, бидејќи пред еден месец беше на турнирот во „Јахја Кемал“, тоа беше меѓународен турнир, со учеснички од Норвешка, Белгија, Бугарија, Грција, а Јована во нејзината категорија го зазеде четвртото место, што е прилично добар успех, рече Тодор Милосиев, претседател на ШК „Кочани“.

Според најавите, Европското шаховско првенство во Литванија ќе се одржи во август, што значи дека Давиткова ќе има доволно време да се подготви за учеството, а истовремено да се приберат неопходните финансиски средтва за да се покријат трошоците за патувањето и престојот во Рига.

T. Aјтовски

 

Сподели

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
 

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

27°C

Кочани

Ведро
Влажност на воздухот: 37%
Ветер: Variable при 4 kmh
Четврток16°C/26°C
Петок15°C/29°C
Сабота17°C/32°C
Недела18°C/34°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 121 гости и нема членови


web counter



qr code