Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

Ponikva20.06.2018  По околу пет години од основањето и регистрирањето во Централниот регистар, заедничкото јавно претпријатие “Пониква КП“ на општините Кочани и Пробиштип ќе се ликвидира.

Без вистински да проработи во дејноста за која беше формирано, во изминатиот период претпријатието постоеше само на хартија и претставуваше само товар на двете локални самоуправи.

Поради тоа започната е постапката за негово бришење од регистарот на активни фирми. Предлог-одлуката за престанок со работа се најде на последната седницата на Советот на Општина Кочани, каде без ниту една дискусија беше дадена едногласна согласност за згаснување.

Слична одлука треба да донесе и Советот на Општина Пробиштип, по што ќе следи законска постапка за ликвидација и бришење на името на фирмата од Централниот регистар.

Иако се најавуваше како прв успешен проект за заедничко јавно претприајтие во Макеоднија , времето покажа дека очекувањата биле нереални. Кога во 2013 година се најавуваше неговото основање, беше речено дека општините Кочани и Пробиштип ќе ангажираат по двајца работници кои веќе ја поминале почетната обука за обврските што ќе ги извршуваат, а посетувале и дополнителната обука за користење и управување со новата опрема што пристигна во ски центарот.

Потребата од заедничкото јавно претпријатие “Пониква КП“ се наметна заради вршење работи што се од надлежност на општините, а се однесуваат на развојот на туризмот и управувањето со ски-центарот на Пониква, посебно откако со донација од МЕПСО беа набавени топовите за вештачки снег и беа осветлени скијачките патеки.

Сепак, откако е согледано дека се работи за премногу амбициозен план, заедничкото претпријатие сега ќе се ликвидира. Во меѓувреме тоа не направило нути приходи ниту трошоци, бидејќи во практика воопшто ни не работеше.

Единствената расходна ставка се трошоците што се платени за основање и регистрација и оние што сега ќе се платат за неговата ликвидација.

Т. Ајтовски

 

 

Сподели

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот. 
 

 

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

27°C

Кочани

Ведро
Влажност на воздухот: 37%
Ветер: Variable при 4 kmh
Четврток16°C/26°C
Петок15°C/29°C
Сабота17°C/32°C
Недела18°C/34°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 122 гости и нема членови


web counter



qr code