Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

japonska ambasadorka poseta kocani25.06.2018  Јапонија е заинтересирана за продолжување на соработката со општина Кочани, посебно во сферата на образованието, а што беше започната со грантот за реконструкција на училишната зграда во селото Горни Подлог.

На средбата во општина Кочани, што амбасадорката на Јапонија, Кеико Ханеда ја оствари со градоначалникот Николчо Илијев, се разговараше за можностите за добивање нова финансиска поддршка од јапонските фондови.

- За нас е многу интересно тоа што тие финансираат проекти во делот на едукацијата, што навистина сметам дека ни недостасува, не само во Кочани, туку и во Македонија. Имаме можност да аплицираме за проекти што ќе ја подобрат состојбата во училиштата или во кој било друг сегмент од живеењето на нашите сограѓани. Очекувам нашата соработка да продолжи, асекако да ги зачестиме посетите на Кочани и ќе разговараме и во иднина за вакви и слични проекти, рече Николчо Илијев, градоначалник на Општина Кочани.

Амбасадорката Ханеда рече дека реконструкцијата на училиштетото во Горни Подлог со кој е подобрена енергетската ефикасност е добар пример за успешната соработка. За овој проект јапонската влада донираше над 70 илјади евра со што беше заменета кровната конструкција, се изработи нова фасада, а училниците добија нови прозорци и врати. Соработката ќе продолжи, реча таа.

- Во минатото имавме соработка и неколку донации од Јапонија. Една од нив е во училиштето „Св. Кирил и Методиј“ и во иднина се надеваме дека нашата соработка ќе продолжи, рече Кеико Ханеда, амбасадорка на Јапонија.

Во рамки на посетата на Кочани, амбасадорката Ханеда присуствуваше и на отворањето на изложбата на јапонска графика „Лебдечки свет“ што попладнево се одржа во Центарот за култура „Бели мугри“.

Т. Ајтовски

 

Сподели

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
 

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

25°C

Кочани

Ведро
Влажност на воздухот: 44%
Ветер: Variable при 4 kmh
Понеделник7°C/31°C
Вторник4°C/20°C
Среда3°C/18°C
Четврток4°C/22°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 125 гости и нема членови


web counter



qr code