Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

izlozba folksvagen buba25.06.2018  Паркингот кај Трговскиот центар во Кочани во саботата беше исполнет со олдтајмери на фолксваген, главно од моделот бубачка, чија популарност не престанува и по 80-тина години од започнувањето на нејзиното производство.

Изloжбата што по четврти пат се одржа кај нас собра голем број посетители, посебно вљубеници во автомобилот што претставува своевиден статусен симбол на повеќе генерации возачи.

Главни виновници за ова несекојдневно доживуување се браќата Александар и Влатко Јовановски, кои и самите поседуваат „бубачка“ со необичен изглед.

- Имаме некаде околу 40 впозила, од Полска, Србија, Црна Гора, Босна, Република Српска и од Македонија. Ова е веќе четврти собир кај нас во Кочани, а тоа во Србија се одржува од 2000 година, кога беше првиот собир, тоа е еден вид на дружење. Јас имам фолксваген буба, произведена 1970 година, ја имам околу 10 години. Љубовта е од татко ми, тој е мајстор за нив и тој вози буба, и така. Тие се лесни за одржување и не се расипува. Причина за тоа е што моторот е произведен за да се движи и во Сибир и во Сахара, што значи дека може да оди на плус 40 и на минус 40, на неа не и смета, рече Александар Јовановски, организатор на изложбата.

Јовановски со своето возило и самиот учествува на слични изложби кај нас и во регионот, а најавува дека со ваквите активности ќе продолжи и во иднина. Следниот собир на љубителите на фолксвагенот бубачка е во Босна и Херцеговина.

Т. Ајтовски

 

Сподели

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
 

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

2°C

Кочани

Ведро
Влажност на воздухот: 93%
Ветер: ESE при 4 kmh
Среда0°C/17°C
Четврток-3°C/12°C
Петок-4°C/11°C
Сабота-3°C/9°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 103 гости и нема членови


web counter



qr code