Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

avto trka ponikva 201825.06.2018 На патеката Пониква кај Кочани викендов се возеше втората ридско-брзинска трка во рамки на Државниот и Шампионатот во автомобилизам за Централна Европа.

На натпреварот учествуваа дваесетина возачи од авто-мото клубовите од Македонија и Косово, кои беа распределени во пет категории.

Авто-трката во Кочани се одржа по пауза од десет години, а организатори беа АКК „Примо авј“ од Скопје во соработка со Здружението на возачи и компанијата „Руен инокс аутомобиле“ од Кочани, под покровителство на Општина Кочани.

- Ова за нас е многу важно бидејќи овој настан е дел од промоцијата за потенцијалите и можностите на Пониква и на Осоговските Планини. Задоволство ми е што можам да кажам дека патеката, според стручното мислење, е одлична и од овде е нашиот мотив да настојуваме таа да биде впишана во европските норми, а трката да остане традиционална, рече Николчо Илијев, градоначалник на Општина Кочани.

Во најниската класа А1150 најбрз на патеката долга 6,4 километри беше Филип Василевски од АКК „Никола Карев“, додека во класата Е1 -1600 прв на целта стигна Марио Велковски од „Кастом кар рејсинг тим“. Даниел Блажевски од АКК „Примо авј“ беше најбрз во класата СП -2000, а првото место во класата Е1 -2000 му припадна на Југослав Милошевски од АКК „Никола Карев“. Во најсилната класа Е1 +2000 победник е Александар Христов од АКК „Примо авј“.

Во екипна конкуренција најуспешни беа возачите од АКК „Никола Карев“ со 28 поени, пред АКК „Кастом кар рејсинг тим“ со 26 и АКК „Примо авј“ со 22 поени.

До крајот на натпреварувачката сезона во домашниот шампионат остануваат уште две ридско–брзински трки што ќе се возат во Крушево и на Водно.

Т. Ајтовски

 

Сподели

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
 

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

27°C

Кочани

Претежно облачно
Влажност на воздухот: 37%
Ветер: Variable при 4 kmh
Четврток16°C/26°C
Петок15°C/29°C
Сабота17°C/32°C
Недела18°C/34°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 108 гости и нема членови


web counter



qr code