Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

bk spartak medali25.06.2018  Еден сребрен и два бронзени медали освоија борачите на БК „Спартак“ на државното првенство во борење слободен стил за јуниори што викендов се одржа во Скопје.

Во силна конкуренција од борачи од повеќе клубови од државата, нашите борачи се вратија со голем успех и задоволителни резултати.

- Во саботата на државното првенство во борење што се одржа во Скопје јас го освоив второто место во категорија до 74 килограми. Имаше силна конкуренција и затоа сум задоволен од постигнатиот резултат, рече Леон Трајанов, член на БК „Спартак“.

-Јас го освоив третото место на државното првенство и со оглед на конкуренцијата задоволен сум од успехот. Од првенството што ќе се одржи во сабота исто очекуваме успех, рече Васе Нисов, член на БК „Спартак“.

-Јас го освоив третото место и сум задоволен од резултатот. Напорно трениравме под раководство на тренерот Кире Дамјанов и претседателот Звонко Ѓорѓиев, рече Андреј Антов, член на БК „Спартак“.

Претседателот на клубот Звонко Ѓорѓиев и тренерот Кире Дамјанов задоволни од успехот на борачите, дополнително што работат и тренираат во отежнати услови заради состојбата со поплавената сала и неопходноста од нејзино реновирање.

-На првенството во Скопје што се одржа во саботата ние успеавме да освоиме еден сребрен и два бронзени медали. Тоа е голем успех за нас со оглед на тоа дека немаме соодветни услови за држење на тренинзите. Салата сеуште не е реновирана се чека на санација на кровот. Во контакт сме со локалната самоуправа и очекуваме најпрвин да се преземе санација на кровната конструкција бидејќи што и да се работи во салата ако не е добра и ако накиснува кровот се ќе уништи. Засега тренираме во малата сала на гимназијата „Љупчо Сантов“ каде што не се условите како што треба, има проблем со вентилацијата, мала е салата неможе да се постави ниту душекот како што треба, но сепак голема желба има кај сите и затоа ги држиме тренинзите и успесите излегуваат на виделина, рече  Звонко Ѓорѓиев, претседател на БК „Спартак“.

Тренерот Дамјанов задоволен од успесите на борачите, очекува успех и на престојното државно првенство што викендов ќе се одржи во Скопје.

-Јас како тренер морам да истакнам дека сум многу задоволен од успехот на моите борачи бидејќи за толку кратко време и во несоодветни услови успеаа да постигнат задоволителен успех. Сега се подготвуваме за претстојното државно првенство за сениори и кадети што викендов ќе се одржи во Скопје. Ние ќе учествуваме со тројца борачи во сениорска и тројца во кадетска конкуренција од каде што очекувам повторно медали и пласман меѓу првите три места. Сакам да се заблагодарам и на раководството на клубот што ни излегоа во пресрет и што ни овозможија барем минимални услови за тренинг, рече Кире Дамјанов, тренер на БК „Спартак“.

И во тешки услови сепак борачите остануваат на своето дека никој нема да ги спречи во намерата да ги држат тренинзите и да тренираат напорно, со цел да се вратат со злато од претстојните државни првенства.

Т. Велкова

 

 

Сподели

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
 

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

2°C

Кочани

Ведро
Влажност на воздухот: 93%
Ветер: ESE при 4 kmh
Среда0°C/17°C
Четврток-3°C/12°C
Петок-4°C/11°C
Сабота-3°C/9°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 103 гости и нема членови


web counter



qr code