Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

vodovod vinica26.06.2018  Во општина Виница во тек се градежни активности што ги реализира комуналното претпријатие „Солидарност“ за да обезбеди дополнителни количини вода за пиење за дел од жителите на градот и населените места.

Покрај постојните извори за јавната водоводна мрежа, се користат и можностите да се искористат и други извори, при пто се инсталира нова опрема што треба да обезбеди поголем доток на вода.

Главната цел со овие инвестиции на виничките комуналци е да се избегнат прекините во водоснабдувањето, посебно текот на летниот период кога потрошувачката е зголемена.

- Во наредните денови очекувам конечно да биде поврзана линијата од Дончово кладенче вклучена во водоводната режа на Виница со што ќе биде избегнат недостатокот на вода во текот на летните месеци во горната зона, а со тоа ќе оствариме и заштеда на електрична енергија за околу шест пати, бидејќи сега водата се препумпува со неколку пумпи од седум киловати, а наскоро тоа ќе се прави само со една пумпа.  Дончово кладенче е поврзано со цевка со пречник 140 на 16 бари, рече Игор Христов, директор на ЈКП „Солидарност“ – Виница.

Со поддршка од Локалната самоуправа, виничките комуналци работат и на реконструкција на дел од главната водоводната линија за селото Јакимово, како и на цевководот од излезната линија кон селото Лески, каде ќе се постави цевка со пречник од 90 милиметри и притисок од 10 бари.

Паралелно со овие активности, се комплетира и втората фаза од реконструкцијата на деталната водоводна мрежа во Виница во должина од 3,7 километри, при што се работи на приклучување на корисниците.

Покрај водоснабдувањето, од ЈКП “Солидарност“ најавуваат дека од почетокот на идниот месец ќе започне реконструкцијата на два крака во должина од 200 метри на канализациската мрежа во селото Трсино.

T. Aјтовски

 

Сподели

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
 

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

2°C

Кочани

Ведро
Влажност на воздухот: 93%
Ветер: ESE при 4 kmh
Среда0°C/17°C
Четврток-3°C/12°C
Петок-4°C/11°C
Сабота-3°C/9°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 112 гости и нема членови


web counter



qr code