Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

nakit izlozba04.07.2018  Прва самостојна изложба на Ивана Димова на рачно изработен накит беше отворена во ЦК „Бели Мугри“.

Станува збор за три годишна макотрпна работа, при која што накитот е изработен рачно, трпеливо и со многу љубов.

Граѓаните на Кочани можеа да видат преубаво изработени обетки, ѓердани, нараквици, како и круни, лично дело на младата кочанка Ивана Димова  која што вели дека ужива додека го изработува накитот, а ја инспирира се она што е убаво и што се случува секојдневно.

- Ова е моја прва изложба на рачно изработен накит. Уживам додека го правам ова, а го изработувам од кристали. Заинтересираност од страна на луѓео за накитот има, мислам дека уште поголем ќе има и после изложбата, рече Ивана Димова, автор на изложбата.

Ова е прва самостојна изложба на Димова која што накитот го промовира под брендот „Ива Каплан“. Таа се заблагодари на сите присутни за одвоеното време да дојдат на изложбата, како и до Центарот за култура „Бели мугри“ за одобрениот простор да ја промовира својата работа, како и на бендот „Музика Вива“ чии што членови се погрижија за музичкиот дел на изложбата.

Таа не застанува тука, вели со рачна изработка на накит ќе продолжи да работи и понатаму, и во иднина се очекуваат уште вакви интересни изложби.


Т. Велкова

 

Сподели

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
 

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

27°C

Кочани

Претежно облачно
Влажност на воздухот: 37%
Ветер: Variable при 4 kmh
Четврток16°C/26°C
Петок15°C/29°C
Сабота17°C/32°C
Недела18°C/34°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 91 гости и нема членови


web counter



qr code