04.07.2018 Автомобил од марката “сеат ибица“ со кочански регистерски таблички целосно изгоре за половина час. Пожарот се случи во вторникот доцна вечерта, околу 23,30 минути на главната улица во Зрновци.
Според исказите на очевидци, возилото се запалило во движење, а возачот успeал навреме да излезе од него. Веднаш била повикана противпожарна екипа која за кратко време пристигнала на местото каде што горел автомобилот.
Дополнителна опасност претставувало и тоа што огнот се заканувал да ги зафати и дрвјата над возилото, а на моменти се слушале и мали експлозии од запалените гуми и од запалената пластика во внатрешноста на “ибицата“.
Автомобилот е 100-процентно уништен, но добро е што во инцидентот нема жртви и повредени.
Полициски службеници направија увид на местото на настанот, што треба да ги даде и причините за избувнување на пожарот.
T. Ајтовски