Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

PAVLOVDEN-plakat04.07.2018  Одбележувањето на празникот Павловден во Виница ќе започне идната недела со повеќе настани со културна содржина.

Тоа беше повод во просториите на Локалната самоуправа да се одржи прес-конференција на која градоначалникот Ивица Димитров со своите соработници информираше за содржините што се влезен во програмата за празникот на општината.

Притоа, тој истакна дека годинава настаните наместо еден ден, ќе се реализираат во текот на целата недела, а граѓаните ќе имаат поголем број културни содржини.

- За првпат наш специјален гостин со двочасовен концерт ќе биде групата Љубојна - концерт што ќе се одржи токму на Павловден вечерта, на плоштадот „Ангел Винички“. Како Општина, првпат промовираме книга со стари зборови, архаизми, од наш стар учител , сега во пензија, почитуваниот Ангел Богатиновски. Промоцијата ќе биде на 13. јули, веднаш по свечената седница на Советот на Општина Виница, рече Ивица Димитров, градоначалник на Општина Виница.

Градоначалникот Димитров додаде дека на свечената седница на Советот ќе им бидат доделени наградите на најдобрите ученици од основните и од средното училиште.

За дел од содржините за Павловден, посебно оние што ќе се случуваат во Домот на културата во Виница, зборуваше неговиот директор.

- На 9 јули програмата ќе ја отвори македонскиот брас квартет што го сочинуваат вработените музичари во МОБ, тие ќе понудат концертна вечер со богата програма од познатите класични делка на Кларк, Хендл, Верди, Моцарт, Џоплин и други композитори. На 10. јули следува џез концертот на Филип Динев трио. Концертот предвидува изведба на модерни и традиционални џез композиции. На 11. јули предвидена е театарска претстава за деца, нашиот мал театар ќе ги одведе најмалите на едно магично патување во мистичниот свет на сенките, мали театарски претстави претставени со сенки ќе ги однесат дечињата во светот на змејоите, принцовите, принцезите, чудовиштата и шумите, рече Јовица Илиевски, директор на Домот на културата “Тошо Арсов“ - Виница.

Во рамки на програмата за Павловден, на 12. јули ќе има и проењкција на макеоднскиот филм “Исцелител“, а следниот ден во соработка со музејот „Теракота“ ќе биде отворена изложба на копаничарски дела под наслов „Моменти од сонот“ на авторот Блаже Јанакиевски од Блатец.

- Незибежно е да го најавиме и концертот на духовна музика ќиј креатор е црковниот хор „Свети Јован Кукузел“, што ќе се одржи на 12. јули вечерта во холот на ОУ „Гоце Делчев“. Покрај хорот, ќе има и специјални гости кои ќе бидат изненадување за самата публика. Во подготовката на содржините се потрудивме да имаме понуда за сите возрасти и очекуваме масовна посетеност од виничани, како и од целиот регион, рече Тони Велков, претседател на Советот на Општина Виница.

Годинава за организирање на содржините за одбележување на Павловден, Општина Виница од својот буџет издвои околу 250 илјади денари. Во текот на летото ќе се организираат и други настани од областа на културата.

Т. Ајтовски

 

Сподели

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
 

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

27°C

Кочани

Претежно облачно
Влажност на воздухот: 37%
Ветер: Variable при 4 kmh
Четврток16°C/26°C
Петок15°C/29°C
Сабота17°C/32°C
Недела18°C/34°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 91 гости и нема членови


web counter



qr code