Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

odbor za nagradi04.07.2018  Рок групата „Тенеси“ е добитник на наградата за животно дело за 2018 година, а компанијата „Антура МК“ го доби признанието за значајни остварувања во развојот на општина Кочани во изминатиот едногодишен период.

Со појавата во почетокот на 60-те години од минатиот век, музичарите од „Тенеси“ се сметаат за пионери и основоположници на рок музиката во Кочани и пошироко кои оставиле белег во развој на културата.

Компанијата „Антура МК“ пак, за краток период од отворањето прерасна во еден од најзначајните стопански капацитети во регионот во кој постојано се инвестира и во моментот се вработени на 500 лица.

Одлуките и образложенијата беа донесени на седницаta на Одборот за доделување награди и признанија на Општина Кочани, на која се сумираа предлозите што пристигнале по јавниот повик за наградување на поединци, групи творци, екипи, установи, трговски друштва и граѓански здруженија кои постигнале забележителни резултати.

- Имавме одлука за доделување награда за животно дело, каде што имавме еден единствен предлог и одлука за соделување награда за значајни остварувања за развојот на општина Кочани, каде што имавме три предлози. Бидејќи за награда за животно дело имавме еден предлог беше едногласно избран вокално-инструменталниот состав „Тенеси“, а за наградата за значајни остварувања имавме три предлози од кои најмногу гласови беше избрана компанијата „Антура МК“ - Кочани. За наредниот период апелирам до граѓанитеи сите правни субјекти да има поголема заинтересираност и поголем број пријавени, бидејќи сметаме дека во општина Кочани има доста квалитетни луѓе кои заслужуваат да добијат награди, како за животно дело кои дале доста голем придонес, како и за остварување значајни дела за развој на општина Кочани, рече Емилија Серафимова, претседателка на Одборот за награди и признанија.

Со одлука на Советот на Општина Кочани од годинава се укина паричниот дел на наградите и признанијата и тие се доделуваат во вид на плакети, а врачувањето ќе биде на свечената седница што ќе се одржи на 12 јули, по повод празникот на градот – Петровден.

T. Aјтовски

 

Сподели

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
 

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

6°C

Кочани

Умерено облачно
Влажност на воздухот: 57%
Ветер: NW при 2 kmh
Недела1°C/8°C
Понеделник1°C/8°C
Вторник5°C/11°C
Среда3°C/14°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 167 гости и нема членови


web counter



qr code