Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

vinica kanalizacija05.07.2018  Поврзувањето на градскиот водовод во Виница со изворот Дончово кладенче, како и неколкуте други зафати што се прават во меѓувреме за да се обезбедат дополнителни количини вода за пиење, би требало да ги спречат проблемите и рестрикциите во водоснабдувањето.

Според, градоначалникот Ивица Димитров, во одредени села можно е да има повремени прекини, а најспецифичен е примерот со селото Лески, каде поради нерационалното трошење минатата година имаше проблеми во текот на четири месеци во пролетнииот и летниот период..

- Морам да апелирам и до жителите на Лески да внимаваат со искроситувањето на водата, посебно со наводнувањето на своите ниви и бавчи што ги имаат во дворовите. Тоа е превенција за понатамошниот период да немаме. Меѓутоа, работиме на неколку проекти во делот на водоснабдувањето, а тоа е посебно за проширување на филтер станицата во нашиот град, а тоа е за да можеме проблемот што претходно го најавив за селото Лески, да можеме во текот на следните години да го поврземе со главната вододводна станица и да немаме проблем во овој дел, рече Ивица Димитров, градоначалник на Општина Виница.

Освен во Виница и во рамничарските села, градоначалникот Димитров потенцира дека Локалната самоуправа презема активности и за подобрување на водоснабдувањето во населените места во ридско-планинскиот дел, каде до сега имаше посериозни проблеми.

- Очекуваме дека ова лето ќе немаме проблеми, а почнуваме и уште една активност со ЈКП “Солидарност“ за ново дупчење во селото Драгобраште, посебно во маалото Чукарлии, затоа што и таму во текот на летниот период, посебно во сушите може да се јави проблем, додава Димитров.

Во меѓувреме завршени се активностите за подобрување на водоснабдувањето во селото Грљани каде во неколку маала е поставена водоводна мрежа, а во моментот се работи на мрежата кон селото Јакимово во должина од околу 250 метри.

T. Ајтовски

 

Сподели

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
 

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

27°C

Кочани

Претежно облачно
Влажност на воздухот: 37%
Ветер: Variable при 4 kmh
Четврток16°C/26°C
Петок15°C/29°C
Сабота17°C/32°C
Недела18°C/34°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 93 гости и нема членови


web counter



qr code