Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

asfaltiranje stamen manov205.07.2018  Во реализацијата на програмата за изградба и реконструкција на сообраќајната инфраструктура за оваа година, Локалната самоуправа на Кочани го вклучува докомплетирањето на уште две сообраќајници во градот.

Се работи за улиците “Новопрoeктирана 1“ и “Јенифоча“ што се наоѓаат во зоната Лесна индустрија.

Според проектната документација планирано е целосно да се завршат, односно да се доасфалтираат над 210 метри од улиcата “Новопроектирана 1“, со што ќе се обезбеди нормално поврзување на постојните објектите што гравитираат кон оваа локација. Со остатокот од парите ќе се реконструираат оштетувњата на улицата “Јенифоча“ во истата месност, а ќе се постават и нови рабници во должина од околу 40-тина метри од двете страни.

Општина Кочани веќе објави јавен тендер за избор на најповолен изведувач на градежните работи, а пријавувањетро на заинтересираните фирми е до 17 јули. Вкупната вредност на градежните работи се планира на околу 1,6 милиони денари, а партие се обезбедени од Буџетот на Општината како заштеда во Програмата за изградба и реконструција на улици и локални патишта во 2018 година.

По потпишувањето на договорот со фирмата чија понуда ќе биде избрана како најповолна, асфалтитрањето на улиците треба да се реазлира во период од 3 месеци.

 

Сподели

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
 

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

14°C

Кочани

Умерено облачно
Влажност на воздухот: 41%
Ветер: NNW при 24 kmh
Петок-3°C/12°C
Сабота-2°C/9°C
Недела-1°C/8°C
Понеделник-1°C/8°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 153 гости и нема членови


web counter



qr code