Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

nagradeni ucenici 201811.07.2018  Триесетина најдобри ученици од основното и средното образвоание од општина Кочани, кои добиле награди на државни и меѓународни натпревари во разни области, присуствуваа на приемот што градоначалникот Николчо Илијев го приреди во нивна чест.

Во знак на благодарност за нивните потигнувања тој им честиташе за постигнатите успеси и им подели пригодни подароци, како натамошно мотивирање и стимулирање, да продолжат со одличниот успех во школувањето и во иднина достојно да ја презентираат општината.

Градоначалникот Илијев истакна дека успешните ученици се амбасадори на Кочани кои на вистински начин им покажуваат на идните генерации како да се грижат за напредокот и развојот на локалната средина и државата.

Благодарност за приемот искажаа и учениците и нивните ментори кои учествуваа на средбата во Општината, претставувајќи ги своите постигања на државните натпревари.

- Сакам да се заблагодарам на овие награди кои секако ќе не мотивираат за поголеми успеси понатаму, и за поддршката што оваа општина ни ја даде, рече Сара Стојилкова, наградена ученичка.

- Сакам да се заблагодарам на градоначалникот и на Општина Кочани за убавата награда која што ни ја доделија, исто така сакам да се заблагодарам на професорката Павлина Атанасова која што е и моја менторка и ми овозможи да го постигнам овој одличен резултат на државниот натпревар и се надевам дека и на светскиот натпревар ќе го постигнеме истиот резултат, рече Јорданчо Ефтимов, награден ученик.

- Голема благодарност до градоначалникот и до Општина Кочани што нас како тим ни овозможија да учествуваме на едно светско превенство,а  голема благодарност и до сите ученици кои вредно работеа за да стигнеме до еден таков натпревар, и секако голема благодарност на сите оние што не поддржаа од целата наша република, рече Роза Војновска, професор во СОУ “Гошо Викентиев“.

- Јас сум Сара Таковска, учестѕвував на натпреавр по музика на клавир, а натпреварот се одржа во Кавадарци.

Практиката на Општина Кочани да приредува прием за најдобрите ученици е веќе традиционална и е по повод празникот на градот – Петровден.

На крајот од приемот и доделувањето на наградите, следуваше вообичаеното заедничко фотографирање како белег на успешните достигнувањан на најмладите од нашата општина.

Т. Ајтовски

 

Сподели

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
 

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

4°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 81%
Ветер: SE при 4 kmh
Понеделник1°C/8°C
Вторник6°C/11°C
Среда3°C/13°C
Четврток2°C/12°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 102 гости и нема членови


web counter



qr code