Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

sednica sovet juli201811.07.2018  Нешто повеќе од ефективен половина час траеше 13.  редовна седница на Советот на Општина Кочани, што помина без ниту една дискусија по точките од дневниот ред.

Советничката говорница остана празна, а усвојувањето на точките се одвиваше експресно, па на претседателот на Советот му преостана само да ги чита предложените теми за кои требаше да се разговара и да констатира дека секоја поодделено добива поддршка за да се усвои.

Иако се очекуваше дека барем точките за решенијата за разрешување и назначување членови на Надзорниот одбор на КЈП “Водовод“ ќе испровоцираат дискусија, тоа не се случи. За разлика од минатите седници, кога за оваа тема се губеше најмногу енергија за дискусии, овојпат таа помина тивко.

Останатите точки од дневниот ред се однесуваа на одлуката за измена на распоредот на средствата од Буџетот на Општината, потоа за барањето согласност за користење на името на Кочани во називот на Здружението на спортски ветерани, како и предлозите за воспоставување меѓуопштинска соработка во противпожарната заштита со општините Зрновци и Чешиново-Облешево. Сите овие точки, како и последната што вообичаено е од областа на урбанизмот, добија поддршка од присутните советници.

Единствени дискусии по исцрпувањето на дневниот ред, имаше во терминот за советнички прашања, при што интерес покажаа неколкумина советници, а советникот Венко Крстевски изрази дилема во врска со загаденоста на воздухот во летниот период.

- Само во последната седмица, во неколку наврати, квалитетот на воздухот надминува над дозволените Pm10 честички, на 5. јули имаме ситуација дека нивото е на 300 Pm10 честички што е шест пати повеќе од дозволеното. Истата ситуација, со 200 Pm10 честички имаме на 7. јули, на 8.јули имаме огромно загадување, а имајќи предвид дека станува збор за летен период загадувањето треба да биде драстично намалено. Значи, ова се податоци од Министерството за животна средина, ако може Општината да ја испита ситуацијата бидејќи е чудно во летен период да имаме толкаво загадување, рече Венко Крстевски, член на Собветот на Општина Кочани.

Градоначалникот Илијев рече дека мерењата ги врши Министерството за животна средина и оттаму доаѓаат редовни информации за состојбата со загаденоста на воздухот во регионот.

- Се работи за информација што ја добив дека во Кочани и во неколку други градови мерните единици  се поставени на такви фреквентни места и и испраќаат сигнал што е загрижувачки, а всушност се работи за податоци што ги добиваме само од тоа подрачје каде што сообраќајот е најгист. Во овој случај за нашата мерна единица се работи за поставеност кај ОУ „Св. Кирил и Методиј“ и овие информации со надлежните служби на републичко ниво ќе мора да ги провериме и да видиме дали можеме да најдеме и некоја друга, покрај оваа да ставиме уште една мерна единица, се со цел да добиваме поточни информации и да не ги загрижуваме граѓаните. Доколку е така, веројатно ќе треба да сите заедно да размислиме какви чекори треба да преземеме за понатаму, рече Николчо Илијев, градоначалник на Општина Кочани

На крајот од 13. седница на Советот на Општината имаше уште неколку советнички прашања и тие главно се однесуваа на теми од областа на урбанизмот и комуналното уредување.

Т. Ајтовски

 

Сподели

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
 

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

4°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 81%
Ветер: SE при 4 kmh
Понеделник1°C/8°C
Вторник6°C/11°C
Среда3°C/13°C
Четврток2°C/12°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 68 гости и нема членови


web counter



qr code