06.07.2018 Тешка сообраќајна несреќа со смртни последици се случила во четвртокот околу 16 часот на магистралниот пат Кочани – Делчево, во близина на браната Калиманци.
Од МВР потврдија дека во незгодата учествувало товарно моторно возило “мерцедес актрос” со бугарски национални ознаки, управувано од лицето В.М на возраст од 60 години, државјанин на Бугарија и патничко моторно возило “опел аскона” без регистерски ознаки, управувано од 30-годишниот кочанчанец Б.М.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил Б.М, кој со возило на Итната медицинска помош бил пренесен во Општата болница во Кочани.
Поради сериозноста на повредите, истиот како итен случај бил препратен во Комплексот клиники “Мајка Тереза“ во Скопје, каде околу 21 часот им подлегнал на повредите.
Поради ова сообраќајот на патниот правец Кочани – Делчево неколку часа бил во прекин, а возилата се пренасочувале преку регионалниот пат Виница – Бигла – Делчево. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Делчево.
Истиот ден,два часа подоцна, на улицата “Кеј на Револуцијата“ во Кочани се случила уште една сообраќајна несреќа. Во неа учествувале автомобил и моторцикл, а според неофицијални информации едно лице е повредено и префрлено во кочанската Општа болница.
И. Матеничарски