X

Right Click

No right click

Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

litija park201812.07.2018  Со празнична богослужба и Света архиерејска литургија во храмот “Св. Вмч Ѓорги” во Кочани на која чиноначалствуваше митрополитот брегалнички Иларион во сослужение на повеќе свештеници од Кочанско, беше одбележан празникот на градот - Петровден.

По литургијата свештениците и верниците се упатија на Петровденска литија со иконата на светите апостоли Петар и Павле во Градскиот парк, кај фонтатана каде се наоѓа мозаикот со ликовите на апостолите. Овде беше пресечен славскиот колач и беа упатени молитви до светите апостоли за здравје, берикет и среќа на верниците.

На литијата присуствуваше градоначалникот на Општина Кочани, Николчо Илијев, членови на Советот на Општина Кочани, како и верници и граѓани од општината.

Во рамки на манифестацијата “Петровденски конаци“, во средата вечерта во Центарот за култура “Бели мугри”, се одржа концерт на духовна музика на црковниот хор и етно групата “Портал“.

Со овие настани се спушта завесата на овогодинешната манифестација “Петровденски конаци“.

И. Матеничарски

 

 

Сподели

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
 

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

3°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 93%
Ветер: NNE при 15 kmh
Понеделник1°C/4°C
Вторник-2°C/4°C
Среда-4°C/4°C
Четврток-2°C/6°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 72 гости и нема членови


web counter



qr code
X

Right Click

No right click