Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

kamen temelnik filter trsino112.07.2018  Со средства од буџетот на општина Виница и од Светска банка во селото Трсино, Виничко започна изградбата на нова филтер станица за вода.

Со оваа капитална инвестиција чија вредност е над 10,5 милиони денари, до крајот на годината за над 250 семејства ќе биде обезбедена чиста и квалитетна вода за пиење.

На поставувањето на камен-темелникот на објектот, градоначалникот на Виница, Ивица Димитров рече дека покрај филтер станицата, ќе се изгради целосно нов резервоар за вода, а ќе се реконструира и постојниот цевковод по кој водата ќе се носи до домовите.

- Ова е еден од клучните проблеми што ги имаат жителите на ова село, и уште во првата година овој проект ќе го реализираме и еве гледаме дека токму денеска, на овој свет празник овој проект почна со изградба и до крајот на годината и ќе заврши, рече Ивица Димитров, градоначалник на Општина Виница.

Со изградбата на филтер станицата ќе се решио повеќедецениски проблем за жителите од Трсино, поради што од Месната заедница искажаа благодарност до Локалната самоуправа за оваа капитална инвестиција за нив.

- Со нашата вода повеќе од 15 години стопанисува ЈП “Солидарност“ од Виница. По повеќе обиди се заклучи дека водата технички е исправна, но бактериолошки не. Тоа го потврдуваа и неколку направани анализи од Центарот за јавно здравје. Во неколку разговорои со градоначалникот на Општината најавивме дека мора да се направи филтер станица. Тоа го заклучи јавното претпријатие „Солидарностж“ и еве, овде сме, на исчекор до главниот проект. Со тој проект завршуваат проблемите на жителите на село Трсино, меѓутоа и на дел од село Драгобраште и пошироко, рече Зоран Ристовски, претседател на Месната заедница на Трсино.

Поради застарениот начин на изградба на постојните извори, досега во поголем дел од годината доаѓаше до заматување на водата и таа не одговараше ниту на минималните стандарди за исправност. Со новата инвестиција ќе се обезбеди пречистување со грубо и фино филтрирање, како и дезинфекција, со што жителите на Трсино ќе добијат санитарно исправна вода за пиење.

Со изградбата на филтер станицата и реконструкцијата на главната водоводна линија ќе се избегнат загубите на вода од изворот, а општината ќе ги намали трошоците за поправки и одржување. Заштедените средства ќе се пренаменат за решавање на другите комунални прашања во селото.

Т. Ајтовски

 

Сподели

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
 

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

32°C

Кочани

Ведро
Влажност на воздухот: 31%
Ветер: WNW при 9 kmh
Среда17°C/33°C
Четврток17°C/32°C
Петок16°C/31°C
Сабота17°C/32°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 242 гости и нема членови


web counter



qr code