Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

svecena sednica201812.07.2018  Советот на Општина Кочани одржа свечена седница по повод празникот на градот Петровден, на која вообичаено се прави пресек нa постигнатото меѓу двете празнувања, а се доделуваат и општинските награди и признанија.

На почетокот од седницата кратко поздравно обраќање имаше градоначалникот Николчо Илијев, кој се осврна проектите што се резлизрани во периодот во кој новата локална власт управува со развојот на општината, при што во најголем дел се задржа на финансиските заштеди и вложувањето во инфраструктурата.

- Успеавме од првично планираните 11 улици за ист износ на парични срдства денес да зборуваме за 16 улици во сите населени места и во градот Кочани. Тоа покажува каков е нашиот однос кон парите на граѓаните, тоа покажува колку ни значи Кочани. Се водиме од начелото за рамномерен развој на сите населени места, а пред се од потребите на граѓаните, преку активно вклучување на месните и урбаните заедници во одредувањето на приоритетите, рече Николчо Илијев, градоначалник на Општина Кочани. 

Вообичаено, на свечената седница по повод Петровден беа соопштени одлуките на Одборот за награди и беа доделени највисоките општински принзнија. Наградата за значајни оставрувањ за развојот на општината годинава и припадна на компанијата “Антура МК“, која за само четири години од започнувањето со работа кај нас, направи голем исчекор во обезбедувањето нови работни места, пред се за младите.

Од име на компанијата, за добиената награда се заблагодари нејзиниот управител Јохан Хејле.

- За “Антура МК“ оваа награда претставува вистинска потврда дека се движиме по патот кој обезбедува напредок, развој и успех. “Антура МК“, како до сега, така и во иднина ќе продолжи со градење на партнерска улога со Општина Кочани преку изразување на својата општествена одговорност, рече Јохан Хејле, управител на “Антура МК“.

Наградата за животно дело за 2018 година му припадна на ВИС “Тенеси“, музичката група која е пионер и еден од носителите на развојот на рок и поп музиката во Кочани. Емотивното обраќање на членовите на групата, кои денес се пензионери, ги разбуди сеќавањата на минатато меѓу повозрасните кои присуствуваа на свечената седница, а посебен белег остави нивниот настап со неколку музички нумери карактеристични за периодот од пред педесетина години.

- Наградата е едно големо признание бидејќи по сите овие години, четириесет, скоро педесет, бевме пристуни меѓу граѓаните, на некој начин ги развеселувавме, ги правевме среќни, се трудевме и мислам дека успеавме во тоа, рече Мане Колев, член на ВИС “Тенеси“.

- Многу сме восхитени од самата награда, благодарност до градоначалникот, па и понатаму да не не забораваат, ако треба пак да не викнат нешто, рече Лазар Јанев, член на ВИС “Тенеси“.

- Бидејќи се омажив на 18 години, излетав од Кочани, среќна сум што ме поканија и што учествувам во овој настан, рече Милка Захариева, член на ВИС “Тенеси“.

- Од името на сите нас од “Тенеси“ на сите граѓани на општина Кочани им го честитаме празникот, што на овој величествен ден го добиваме ова признание. По нашето заминување во пензија гледам се формираат многу групи. Значи, ние бевме иницијаторите, со нашето музицирање да се формираат повеќе групи, и забавни и народни и така, рече Иљами Мемедов, член на ВИС “Тенеси“.

- Младите, на нас што сме правиле, како сме правиле, да почнат да не копираат, да музицираат, да ствараат игранки, рече Благој Михаилов, член на ВИС “Тенеси“.

- Да бидат младите сега поуспешни од нас, да видат дека успехот се постигнува само со многу труд и љубов, рече Драган Манев, член на ВИС “Тенеси“.

На свечената седница на Советот беа доделени признанија и за десетина ученици од основните и средните училишта од општината. Тие  минатата учебна година забележале одличен успех во образованието и се прогласени за првенци на генерацијата.

На крајот од свечената седница за присутните беше приредена и кратка музичка програма.

 

Сподели

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
 

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

32°C

Кочани

Ведро
Влажност на воздухот: 31%
Ветер: WNW при 9 kmh
Среда17°C/33°C
Четврток17°C/32°C
Петок16°C/31°C
Сабота17°C/32°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 241 гости и нема членови


web counter



qr code