Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

petrov mitkova14.07.2018  Градоначалникот на Општина Кочани, Николчо Илијев потпиша решенија со кои именува двајца нови директори – на Детската градинка „Павлина Велјанова“ и на ОУ „Малина Попиванова“.

По повеќе разговори со вработените, со цел да се изнајде најсоодветно решение и да се испочитува законската процедура, Едита Миткова, како единствен вработен што ги исполнува условите, е именувана за вршител на должноста директор на Детската градинка „Павлина Велјанова“.

На оваа раководна позиција Миткова доаѓа по оставката на директорката Лидија Серафимова, а ќе ја извршува најмногу шест месеци, период по кој ќе биде распишан конкурс за избор на директор, а на кој ќе може да се пријави секој заинтересирани кандидат што ги исполнува условите.

Илијев оценува дека е особено важно да се изврши правилен избор на директор на кочанската градинка, затоа што во наредниот период ќе се реализира изградба на нов објект, пилот-проект на градинка по европски стандарди.

По истекот на рокот за вршител на должноста директор во ОУ „Малина Попиванова“, Училишниот одбор за директор го избра Благој Петров. Одлуката на Одборот да биде избран единствениот пријавен кандидат на конкурсот ја прифати градоначалникот Николчо Илијев, по добиената согласност од Министерството за финансии и Министерството за образование. Петров ќе биде директор наредните четири години, со обврска да обнови дел од потребната документација, чија важност истекува до крајот на август.

 

 

Сподели

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
 

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

32°C

Кочани

Ведро
Влажност на воздухот: 31%
Ветер: WNW при 9 kmh
Среда17°C/33°C
Четврток17°C/32°C
Петок16°C/31°C
Сабота17°C/32°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 229 гости и нема членови


web counter



qr code