Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

svecena sednica vinica13.07.2018  Одбележувањето на Павловден – празникот на Виница започна со верска литија пред параклисот “Св. Павле“ на плоштадот “Ангел Винички“, со која чининачалствуваше владиката Иларин.

Потоа се одржа свечена седница на Советот на општината на која пред присутните советници и гости градоначалникот Ивица Димитров направи краток осврт за досега реалзираните проекти и пона што е во план за нареедниот период. Притоа акцент даде на финансиската состојба во општината и можностите за нормално реализирање на зацртаните задачи.

- Наследивме буџет на Општина Виница со вкупен долгод 96,7 милиони денари, каде што основниот долг беше 40 милиони денари, моментално го намаливме за 10 милиони денари, додека вкупниот долг е намален за 15 милиони денари, што значи дека се трудиме да работиме домаќински и одговорно. Пред се, морам да кажам, тоа е со помош на вас советниците, меѓутоа доколку работиме сите домаќински се надевам дека долгот ќе се намали што е можно повеќе, рече Ивица Димитров, градоначалник на Општина Виница.

Осврнуивајќи се на дел од реализираните проекти, Димитров рече дека за прв пат по многу години е намалена цената на водата за пиење, обезбедени се 52 милиони денари со кои се реконструира патот Виница - Делчево преку Бигла, а ја спомена и реконструкцијата и изградбата на водоводната и канализациската мрежа во Виница и во дел од населените места во општината. Посебен акцент во своето обраќање пред присутните тој даде за решавањето на социјалните прашања на ранливите категории граѓани за кои ќе се градат социјални станови, како и за меѓународната соработка на Локалната самоуправа со странските, од кои се очекуваат и конкретни резултати.

- Во изминатиот период имавме посети и од неколку амбасадори каде што дел од овие посети како Општина ги искористивме, посебно со амбасадорката на Јапонија каде што договоривме да инвестираат во мал ровокопач во вредност од 30 илјади евра за потребите на ЈКП “Солидарност“. Имавме средба и со украинската амбасадорка и со бизнис заедницата од нашата општина и се надевам дека бизнисот меѓу општина Виница и Украина ќе го интензивираме, што е можно за подобра соработка, додаде Димитров.

На крајот Димитров рече дека и соработката со унгарската амбасада треба да помогне за реконстуркција на дел од училиштето “Гоце Делчев“.

Во рамки на свечената седница на најдобрите ученици од основните и од средното училиште им беа доделни награди во знак на благодарност од Општината и поттик за тие и понатаму да продолжат со таков успех.

Т. Ајтовски

 

Сподели

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
 

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

9°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 100%
Ветер: NW при 2 kmh
Вторник3°C/19°C
Среда3°C/19°C
Четврток1°C/13°C
Петок4°C/19°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 128 гости и нема членови


web counter



qr code