Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

 muzicko606.06.2013 Учениците од ОМУ „Ристо Јуруков“ кои во текот на годината освоија награди и признанија на државни и меѓународни натпревари синоќа настапија пред многубројната публика во Мултикултурниот центар. Со концертот на наградените ученици беше одбележан патрониот празник на училиштето.

Учениците од ова училиште и годинава се закитија со голем број награди и признанија на натпревари во Скопје, Битола , Врање, Ниш, Аранѓеловац, Уб, Ваљево, Белград. Присутните ги поздрави директорката на ОМУ „Ристо Јуруков“ Елизабета Ѓеорѓиева“

-Покрај државните натпревари се повеќе излегуваме и на меѓународни натпревари, па се надеваме дека освен во соседните држави ќе можеме да учествуваме и на поголеми натпревари во Италија и Франција.

Тоа претставува и еден репер за нас да се измериме до каде сме со останатите училишта. Со резултатите со кои се враќаат наставниците и учениците ние се гордееме истакна Елизабета Ѓеорѓиева, директор на ОМУ „Ристо Јуруков“.

Тамара Лазарова , добитничка на прва и втора награда на меѓународни натпревари по флејта во Уб и Ваљево и втора награда на Државен натпревар во Скопје во класата на проф. Ангелина Катмерова беше прогласена за ученик на генерацијата во музичкото училиште. Пофалница од професорите и од директорката на училиштето доби ученичката Надица Пујевска.

Големиот број награди и признанија се резултат на долготрајната работа на учениците и на професорите од ова училиште.

Т. Велкова

Сподели

muzicko2muzicko4muzickomuzicko5

 

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

1°C

Кочани

Умерено облачно
Влажност на воздухот: 93%
Ветер: North при 0 kmh
Петок6°C/14°C
Сабота3°C/12°C
Недела-2°C/7°C
Понеделник-4°C/4°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 78 гости и нема членови


web counter



qr code