Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

detski igralista18.07.2018  Во завршна фаза е уредувањето на детското игралиште кај зградите кај поранешен “Атом“, каде што се префрлија реквизитите од Градскиот парк – вовчето, два тобогани, лулашките и клацкалките.

Деновиве работниците на комуналното јавно претпријатие „Водовод“ поставуваат песочна подлога и ги вршат последните поправки на теренот што децата од овој дел на Кочани наскоро ќе можат да го користат.

Новиот детски парк кај Атомските згради произлезе од потребата за соодветен простор за детска игра, но и од реновирањето на игралиштето во Градскиот парк, каде со донација од „Антура“ се поставија нови реквизити.

Според градоначаникот Николчо Илијев, заполната е подготвката на проект за детско игралиште и во Белското маало, каде што пред неколку години постоел парк со борова шума. Со тоа општината позитивно одговара на барањето на жителите од оваа населба, со цел оваа зелена површина да биде максимално корисна за најмладите, но и за возрасните. На оваа локација се планира да се постават детски играчки, клупи и друга парковска урбана опрема. Од вкупната површина, за детско игралиште во Белското Маало ќе бидат наменети 88 м2, а 430 м2 ќе остане тревна површина на која ќе бидат засадени уште 15 нови садници.

Наскоро се очекува да се работи и на детското игралиште во населбата Калиманова Глава, каде, според барањата на жителите, ќе се постави заштитна ограда за да се спречи паркирањето на возилата во паркот, но и да се зголеми безбедноста на децата при играта.

Екипи на „Водовод“ деновиве ќе бидат активирани за косење на тревата и подобрување на хигиената на ова место.

 

Сподели

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
 

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

32°C

Кочани

Ведро
Влажност на воздухот: 31%
Ветер: WNW при 9 kmh
Среда17°C/33°C
Четврток17°C/32°C
Петок16°C/31°C
Сабота17°C/32°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 238 гости и нема членови


web counter



qr code