16.07.2018 За само девет месеци Општина Кочани успеа да ги врати сите долгови со што е надмината заканата за блокирање на сметката.
На свечената седница на Советот по повод Петровден – празникот на Кочани, градоначалникот Николчо Илијев реферираше за сработеното во изминатиот период. Притоа нагласи дека разрешувањето на задолженоста се случува првпат по скоро една деценија работа на локалната самоуправа.
- Наследивме долг од 76 милиони денари на основниот буџет. Ако пред девет месеци стравувавме за начинот на негово сервисирање, денес гордо можеме да кажеме дека преку политиката на контрола на сите трошоци, финансиски ја консолидиравме Општината и таа денес е без долгови со салдо на сметка незамисливо за годините пред нас. Притоа имаме утврдџена динамика на плаќање на сите обврски кои ќе произлезат од активните проекти, кои се работата во моментот. Развојните програми како основа на развоот н инфраструктуирата се на цврвт на нашите приоритети, со 66 милиони денари, рече Николчо Илијев, градоначалник на Општина Кочани.
Водејќи се од начелото на транспарентност во јавните набавки, Илијев даде конкретен пример за заштеда преку строга контрола на трошоците, при што наместо првично планираните 11 улици за 2018 година, со ист паричен износ во моментот се градат 16 улици во сите населени места и во градот Кочани.
Посебен акцент градоначалникот стави на владеењето на правото, како една од основните заложби на оваа локална власт, а во делот на инспекциските служби најави зајакнување на контролите со цел соодветно да се одговори пред законите и прописите.
- Образованието е основа за развојот на секое општество, а со тоа е важна сериозноста и одговорноста на сите раководители на образовните институции. Ќе им порачам на сите инволвирани страни во образованието, да го вратиме достоинството на наставникот преку професионализам, почитување на квалитетот и целосна департизација почнувајќи од првиот човек на секоја образовна институција, додаде Илијев.
Во досегашната работа посебна почит и благодарност Илијев упати до Советот на Општината, кој, како што рече, успеа да ги надмине партиските и дневно-политичките бариери, и чии одлуки придонесуваат за побрз развојот на Општината, што е основен интерес на граѓаните.
-3°C
Кочани