19.07.2018 63-годишниот Г.А од Виница се обидел да прегази полициски службеници кои го контролирале сообраќајот на улицата “Ангел Винички“.
Тие го запреле возилото “сузуки витара“ со штипски регистарски ознаки што го управувал виничанецот за да му извршат рутинска контрола.
На возачот му биле побарани документи што тој одбил да ги даде, го стартувал автомобилот и продолжил со движење. Потоа го свртел возилото и со голема брзина да се упати кон полициските службеници со намера да ги прегази.
Полицајците успеале да го запрат возилото и без да бидат повредени, а возачот на автомобилот бил приведен во Полициската станица - Виница.
Од полицијата информираат дека по целосно комплетирање и документирање на настанот против возачот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.
И. Матеничарски