X

Right Click

No right click

Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

prevoz ucenici avtobus19.07.2018  За околу една третина ќе се намалат расходите што Локалната самоуправа на Кочани ќе ги плати за бесплатниот превоз на учениците во претстојната учебна година, а тоа е можно да се постигне со измените во условите за услугата и начинот на пресметување на трошоците за неа.

На тој начин мое да се очекува во буџетот да се заштедат околу пет милиони денари, со што ќе се обезбедат пари за покривање на другите давачки во образованието.

Од наредната учебна година Општината планира да плаќа само за реално превезени ученици, наместо досегашната практика превозникот да добива пари за вкупниот број пријавени ученици што бил внесуван во договорот. Со тоа ќе се избегне обврската да се плаќа за ученици кои воопшто не присуствувале на настава или пак користеле друг транспорт за доаѓање и заминување од училиштето.

- Мислам дека ние во изминатиот период плаќавме за ученици кои се запишани на список, а не кои го користеле превозот. Затоа мојата идеја или иницијатива е да се изнајде решение како ние ќе го плаќаме навистина реално направениот трошок, односно за секој ученик што го користи овој превоз да биде платен, а оној што не го користи да не се плаќа. Средствата што ќе бидат заштедени со овој потег мислам дека нема да бидат симболични и мали, туку ќе бидат прилично големи, средства што ќе помогнат да ги решаваме проблемите што навистина се големи во училиштата. Овде пред се мислам на училишниот прибор и решавањето на санитарниот дел во секое училиште кој е во очајна состојба заради што добиваме критики и забелешки од надлежните инспекциски органи, рече Николчо Илијев, градоначалник на Општина Кочани.

Најдобра потврда дека новиот начин на пресметка на трошоците за превоз е поповлен е што само во средното училиште “Гошо Викентиев“ за услугата ќе се платат над 3,5 милиони денари помалку во споредба со лани.

Досегашниот начин на договарање на бесплатниот превоз на учениците создаде огромни обврски кон превозникот што достигнаа над 43 милиони денари, поради што Општината беше принудена да бара долгот да се исплаќа постепено за да не се блокира нејзиното работење.

T. Aјтовски

 

Сподели

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
 

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

6°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 93%
Ветер: North при 0 kmh
Недела-1°C/6°C
Понеделник1°C/4°C
Вторник-2°C/4°C
Среда-4°C/4°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 122 гости и нема членови


web counter



qr code
X

Right Click

No right click