Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

blatec centar19.07.2017  Општина Виница ќе ја испитува оправданоста од склучувањето договор за јавно-приватно партнерство за реконструкција, одржување и управување со постојна зграда во селото Блатец во која би бил отворен Дом за стари лица.

За да се дојде до реални резултати што ќе ја оправдаат таквата потреба, треба да се изготви физибилити студија од технички, правен и финансиско-економски аспект.

Поради тоа, Локалната самоуправа веќе објави јавен повик со кој се бара фирма што би го изработила документот, а за услугата е предвидено да се потрошат над 600 илјади денари.

Во спецификацијата на тендерската постапка е нагласено дека освен изработката на физибилити студијата, неопходно е да се спроведе истражување на потенцијалот за искористување на постојниот објект во центарот на Блатец, а што би бил ставен во функција на обезбедување социјални услуги, односно во кој би бил сместен Домот за стари лица. Исто така, се бара како придружен дел од студијата да се изработи и основен, односно идеен проект за реконструција на објектот за да се добие пореална проценка на потребните финансиски средства за негово ставање во планираната функција.

Градежната парцела на која се наоѓа објектот е со површина од 2.900 метри квадратни, а габаритната основа на самиот објект изнесува 690 метри квадратни. Дел од него во приземјето се поранешна кино сала и ресторан, за кои се бара да не им се менува намената. За домот на стари лица е предвидено да се користи спратот, за што на располагање стојат околу 450 метри квадратни, на кои би можеле да опслужуваат 25 лица.

Веќе тече рокот за пријавување на заинтересираните фирми за изработка на физибилити студијата за домот за стари лица во Блатец, а пријавите можат да се поднесат најдоцна до 30 јули.

T. Aјтовски

 

 

Сподели

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
 

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

9°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 100%
Ветер: NW при 2 kmh
Вторник3°C/19°C
Среда3°C/19°C
Четврток1°C/13°C
Петок4°C/19°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 100 гости и нема членови


web counter



qr code