Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

bolnica kocani24.07.2018  Општина Кочани ја прошири овогодишната листа на услуги во Програмата за социјална, детска и здравствена заштита со воведување мерка за основни систематски прегледи со анализи за превенција на болести кај жените и кај мажите.

Со Правилник и со договор за соработка со Јавната здравствена установа Општа болница со проширена дејност – Кочани, се уредени начинот и условите за одобрување на финансиската помош на социјално загрозените граѓаните.

Тие ќе можат да користат два вида лабораториски услуги: основни контроли и посебни анализи за откривање рак на простата и рак на дебелото црево.

Од Секторот за општи и правни работи од Општина Кочани соопштуваат дека оваа мерка е внесена да создаде можност за превенција од тешките болести кај социјално ранливите групи, но и како родово одговорна мерка од областа на здравствената заштита во која им се дава еднаков пристап до здравствените услуги и на жените и на мажите.

Посебните анализи со тумор-маркери на простата и на дебелото црево се земени според процентот односно растот на заболени во Кочанско од овие тешки болести кај мажите и кај жените.

Финансиската помош за анализи и лабораториски услуги за рано откривање болести е во висина од 2.000 денари по барател, а според програмските документи на Општината, за овие лабораториски услуги годинава се определени 30.000 денари.

 

Сподели

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
 

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

32°C

Кочани

Ведро
Влажност на воздухот: 31%
Ветер: WNW при 9 kmh
Среда17°C/33°C
Четврток17°C/32°C
Петок16°C/31°C
Сабота17°C/32°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 232 гости и нема членови


web counter



qr code