X

Right Click

No right click

Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

ulici krpenje24.07.2018  Согласно програмата за реконстркција и одржување на улиците и локалната патна мрежа, стручните служби на Општина Кочани започнаа актовности за крпење на оштетувањата на асфалтот и пополнување на ударните дупки.

Се работи на сите места каде што се забележани проблеми или пак за кои граѓаните претходно пријавиле потреба за ваква интервенција.

Градежната мехазнизација веќе е излезена на терен и се работи на улиците во градот, а ќе се продолжи и во населените места од општината.

Од Секорот за уредување на градежното земјиште информираат дека досега се извршени корекции на асфалтните дефекти на улиците „Ѓорче Петров“ и „Бел камен“. Следуваат работи на „Страшо Ербапче“, „1 Мај“, „9 Мај“, „Боро Ловџија“, а потоа во населбите Усова Чешма и Лесна индустрија. За реализација на активностите се наменети 400 илјади денари од буџетот на Општина Кочани.

Санирањето на оштетувањата на асфалтната површина на овој начин е времено решение, за извесно нормализирање на сообраќајната инфраструктура.

Од Општината информираат дека паралелно со овие активности, ќе се врши и бетонирање на пристапните улици. Освен тоа, завршени се подготвителните работи за изградба и тампонирање на улиците во населените места и се очекува деновиве асфалт да добијат сообраќајниците во Мојанци, Грдовци, Горни и Долни Подлог и Тркање.

Во меѓувреме заврши рокот на тендерската постапка за ревизија на проектната документација за улици и патишта на територијата на општината, за што ќе се потрошат над 330 илјади денари. Со ревизијата треба да се утврди завршениот предмер за изградба на два локални патни правци со должина од 1 км и еден локален пат со дожина од 3,2 км.

Освен тоа, фирмата што ќе ја прави ревизијата има за задача да ја провери документацијата за 52 улици со должина од 200 до 800 метри, како и за 4 потпорни ѕидови со должина од 20 метри.

 

Сподели

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
 

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

0°C

Кочани

Умерено облачно
Влажност на воздухот: 75%
Ветер: NW при 4 kmh
Четврток-4°C/4°C
Петок-2°C/4°C
Сабота-1°C/6°C
Недела0°C/8°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 84 гости и нема членови


web counter



qr code
X

Right Click

No right click