X

Right Click

No right click

Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

bez kanti25.07.2018  Општа оценка на граѓаните на Кочани дека во изминатите десетина месеци е подобрено одржувањето на хигиената на улиците, тротоарите и другите јавни површини.

Сепак, најчестата забелешка е оти има недостиг од комунална опрема, односно канти и корпи за отпадоци, особено на пофреквентните места во централното градско подрачје.

Со последната набавка на ваква опрема за што “Водовод“ склучи договор со фирма од Штип, предвидено беше да се обезбедат 30 метални корпи со држачи и механизам за празнење. Дел од нив се наменети за замена на искршените или дотраени корпи, а за останатите граѓаните со право бараат да се постават покрај реката, од плоштадот кон локалитетот Бавчалук.

- Нема канти, да има канти луѓето ќе ставаат во кантите. Треба хигиената да се подобри тука, за сите е подобро, деца тука има, градинка, нормално дека треба да има канти за отпадоци... Преку 50 метри би требало да има канти, за да се подобри хигиената. Фрлаат мушами, фрлаат друго, а ако има канти, ќе фрли во кантата... Луѓето дека сакаат таму фрлаат, некои се културни и носат по контејнерите, ама некој тупне на улицата и бега, заврше си работа, рекоа граѓани на Кочани.

Граѓаните ја поздравуваат и одлуката да се отстрани контејнерот што беше лоциран пред ОУ “Раде Кратовче“ со што сега е избегнато создавњето дива депонија во речното корито во негова близина. Сепак, поради неодговорниот однос на поединци, отпадоците повторно се фрлаат на оваа локација, заради што неопходно е да се постават неколку канти, рекоа анкетираните соговорници.

Годинава за набавка на комуналмна опрема, однесно за контејнери, канти за отпадоци и придружна опрема од КЈП “Водовод“ беше планирано да се потрошат околу 1,8 милиоон денари, а по завршената тендерска постапка постигнатата цена е пониска за околу 250 илјади денари.

Т. Ајтовски

 

Сподели

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
 

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

-1°C

Кочани

Умерено облачно
Влажност на воздухот: 80%
Ветер: NE при 9 kmh
Четврток-4°C/4°C
Петок-2°C/4°C
Сабота-1°C/6°C
Недела0°C/8°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 91 гости и нема членови


web counter



qr code
X

Right Click

No right click