Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

borovinki24.07.2018  Подружницата на “Македонски шуми“, Шумско стопанство „Осогово“ од Кочани, заедно со работната единица од Пробиштип, во текот на оваа година издале 71 дозвола за собирање шумски плодови.

Сите физички и правни лица кои што сакаат да собираат шумски плодови како и откупувачите, мора да бидат регистрирани и да имаат дозвола за собирање шумски плодови. Пријавувањето и регистрацијата се врши во подружниците каде истовремено се добиваат детални инфомации за целокупниот систем на одржливо користење, контрола и законски обврски во оваа област.

Кочанци најмногу собираат боровинки и шипинки, но има и нарушувања во текот на собирањето, кога собирачите намерно ги оштетуваат боровинките со цел да се намали производот за следна година. За таквите ќе има и казни, велат од ШС „Осогово“.

 -Во текот на 2018 година заедно со работната единица Пробиштип имаме издадено 71 дозвола за собирање шумски плодови од кои 25 се во општина Кочани а 46 во општина Пробиштип. Обично кај нас најзастапени се плодови од модра смрека и боровинки. Боровинките би требало да се собираат во август, меѓутоа имаме појава на рано собирање на овие плодови со што и ги уништуваат стеблата на истите, рече Благојчо Диванисов, раководител на ШС „Осогово“ Кочани.

Со правните субјекти со фирми кои што се регистрирани за собирање на шумски плодови вообичаено подружницата склучува и договори. Сето тоа е регулирано согласно прописите и дозволите на МЗШВ и заеднички со ЈП „Македонски шуми“ се дава едно заокружување и тековно следење од почетокот на собирањето до извезувањето на шумските производи на теренот. Од ШС „Осогово“ апелираат да не се берат предвреме недозраени производи.

-Сакам да апелирам да не се уништуваат боровинките бидејќи имаме масовна појава на нивно рано собирање и уништување и веќе на тие места следна година имаме намалување на количините, додаде Диванисов.

Шумочуварска служба прави напори за детектирање на тие луѓе кои намерно ги уништуваат плодовите и за уништувачите или за собирачите на плодови без дозвола следува нивно отстранување од теренот и соодветни казни. За собирање на шумски плодови се регистрирани и нивните откупувачи како правни субјекти и соработката со нив е одлична, додава Диванисов.

Инаку, контролата на собирање на шумски плодови е изградена во еден систем на интегрална контрола и во тој систем се вклучени МЗШВ, шумарскиот инспектор, ЈП „Македонски шуми“ и подружниците во соработка со шумската полиција.

Т. Велкова

 

Сподели

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
 

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

32°C

Кочани

Ведро
Влажност на воздухот: 31%
Ветер: WNW при 9 kmh
Среда17°C/33°C
Четврток17°C/32°C
Петок16°C/31°C
Сабота17°C/32°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 231 гости и нема членови


web counter



qr code